Во случај на сообраќајна незгода, согласно член 5 од Законот за задолжително осигурување (Службен весник 88/05) треба како оштетено лице барање за надомест на штета да поднесете до одговорното друштво за осигурување (друштво за осигурување каде причинителот на штета има склучено договор -полиса за осигурување од автомобилска одговорност).
Потребна документација
-Записник за увид на лице место или
-Европски Извештај за сообракајна незгода (само за малa материјалнa штетa) согласно одредбите од Законот за безбедност на сообракајот на патиштата.
-Пријава на штета (образци за пријава на материјална штета имаат сите осигурителни друштва на своите шалтери).
-Барање за надомест на штета (за нематеријална штета) во кое детално се наведуваат основите за надомест на пооделни видови (за претрпена физичка болка, за претрпен страв, за намалена животна аквитност, за нагрденост) или за материјалниот дел на истата (за погребни трошоци, надгробен споменик и сл.)
-Комплетна медицинска документација доколку се работи за оштетно барање односно нематеријална штета (за сите видови на повреди).
Исто така доколку оштетеното лице смета дека се спорни правниот основ или определената висина на штетата ( материјална или нематеријална ) може да поднесе преставка до Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Тужба до надлежен суд не може директно да се поднесе ,потребно е претходно вонсудски штетата да се пријави ,тужбата може да се поднесе дури откако оштетеното лице нема да биде задоволно од утврдениот надомест.
Извор:НБО
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено