Homepage

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Новости и интервјуа од осигурителните компании

Интервју

Ристе Глигоровски

[Извршен директор]

М Брокер АД Скопје

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Ристе Глигоровски-Извршен директор на М Брокер АД Скопје Осигурување магазин: Колку…
Прочитај Интервју...

Станете наш пријател.

Пријавете се на newsletterot за да ги добивате информации од осигурителниот сегмент.

  • АСО ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.АСО ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.април 26, 2024Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано. Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. [...]
  • Дознајте како осигурувањето нè заштитува денес и нè обезбедува утреДознајте како осигурувањето нè заштитува денес и нè обезбедува утреаприл 9, 2024На 8-ми април, Факултетот за економски и административни науки при Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) заедно со Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија ја организираа првата интерактивна едукативна презентација на тема „Дознајте како осигурувањето нè штити денес и нè обезбедува утре“ за студентите на Меѓународниот Балкански универзитет. Настанот беше организиран со цел да се зголеми знаењето и свеста за осигурувањето, како и да се промовира финансиската писменост и финансиската вклученост на различни социјални групи, со цел подобро познавање на осигурителниот пазар, управувањето со ризик, подобро разбирање на осигурителните производи и услуги, обезбедување зголемена заштита на осигурениците, како и презентирање на осигурувањето како интересна работна професија за младите. Осигурителните друштва членки на Групацијата веруваат дека придобивките од финансиската едукација се взаемни за економијата, поединецот, домаќинствата и општеството во целина. Оттука, финансиски образованото население подобро го разбира финансискиот пазар и производите, стекнува способност да ги искористи предностите на финансиските производи и подобро да се заштити од финансиски ризици. Од друга страна, подобрата финансиска писменост и свесност на населението придонесува за поголема финансиска вклученост. Студентите имаа привилегија да стекнаат знаења и да дискутираат за осигурувањето во Македонија од докажани и признати професионалци од осигурителната индустрија со долгогодишно практично искуство и знаење. Имено, на настанот се обратија претставници од четири престижни осигурителни компании, членки на Групацијата на осигурување при Стопанската комора на Северна Македонија: – Г-дин Климе Попоски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Winner Insurance, Vienna Insurance Group, Скопје– Г-дин Ило Ристовски, претседател на Управен одбор и генерален директор на Халк осигурување АД Скопје– Г-дин Горан Божиновски, менаџер на Академијата во Кроација осигурување – Живот АД Скопје– Славко Саздовски, директор на Одделот за човечки ресурси и академија во Триглав Осигурување-Живот АД Скопје, како и – г-ѓа Антонета Манова Ставреска, проектен менаџер и задолжена за Здружението на финансиските организации при Стопанската комора на Северна Македонија. Последно, но не и најмалку важно, проректорите доц. д-р Мевлудин Ибиш, доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими, декан на Факултетот за економски и административни науки доц. д-р Лиза Алили Сулејмани и доц. Проф. д-р Елена Парнарџиева Станоевска имаа шанса да разменат мислења за можностите за понатамошна соработка помеѓу Стопанската комора и Меѓународниот балкански универзитет (МБУ). Извор:mchamber [...]
  • Осигурување на имот во три чекориОсигурување на имот во три чекориаприл 2, 2024Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани – актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на (АСО) ни ги дава најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА: -Кога избирате осигурување никогаш цената не мора да биде единствен одлучувачки фактор. Осигурувањето треба да одговара на вашите потреби; – Мора да знаете што се покрива осигурувањето кое Ви се нуди.Затоа што некои ризици врз имотот се осигуруваат со дополнително осигурување; -Осигураната сума на покритието треба да е соодветна на вредноста на имотот што го осигурувате. Исто така обрнете внимание на периодот од кој почнува да важи Вашата осигурителна полиса. Затоа што неосигурениот период е ризик. НЕ СМЕЕТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ: -Задолжително да одвоите време и да ги прочитате Условите за осигурување пред ја купите полисата. Особено обнете внимание на Исклучоците од осигурување (односно ризиците кои не ги покрива Вашата полиса); -Секогаш е корисно да се консултирате со осигурителен брокер пред да купите осигурување. Нивната улога е да бидат ваши советници при купувањето полиса, но и ваши претставници пред осигурителните компании доколку се случи штета која е покриена со Вашето осигурување; ШТО ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ШТЕТА И ТРЕБА ДА СЕ АКТИВИРА ОСИГУРУВАЊЕТО: – Доколку се случи штета врз Вашиот имот кој е осигуран, треба да пријавите кај компанијата од која сте купиле осигурување; – Во рок од 14 дена од пријавувањето осигурителната компанија мора да изврши увид и проценка на пријавената штета. Ако Вашата документација е некомплетна осигурителот е должен во дадениот рок да побара дополнување на истата; – За најмногу 60 дена од пријавата на штета осигурителот мора да Ви достави одговор; Доколку не сте задоволни од решавањето на штета или Вашето барање е одбиено може да поднесете Претставка до АСО на следната мејл адреса pretstavki@aso.mk Извор:АСО [...]

Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено