Многумина мислат дека тоа е досадно,ништо повеќе од залудно трчање по клиенти за да се достигне таргетот .Всушност, осигурувањето може да биде фасцинантен пат со многу наградувачки аспекти, вклучувајќи флексибилност, креативност, предизвик и шанса да се надградува и да се напредува.
Кариерите во осигурувањето често бараат уникатна мешавина на интелект и вештини на луѓето.
Сите оние кои ги имаат следниве карактеристики треба да го прифатат предизвикот за работа како агент во осигуритекна компанија:
Агентот најпрво треба да биде добар говорник.Тој преку продажбата на производот треба да ги убеди клиентите за нивната потреба од производот.
Добар слушател е исто така карактеристика која треба да ја имаат агентите.Тој треба да препознае што му треба на потрошувачот за да може да го обезбеди оној производ со кои протрошувачот ќе биде задоволен.
Упорноста е онаа карактеристика која е клучна за тоа дали треба да бидете агент.Агентот треба да знае дека доколку разговарал со клиентот не значи дека тука завршил.Нормално не треба да се претерува со контактирање на потрошувачот.Упорноста не значи наметливост.Едноставно да знаат да направат на дискретен начин со нивната упорност да ги презентираат условите и бенефитите од осигурувањето.
Секако важно е да имате претприемачки дух односно агените за продажба треба да го чувствуваат таргетот за повисоки провизии како дополнителен мотив за да го дадат максимумот, не треба да застанете на одредено ниво.Искуството стекнато како агент во осигурување не само што ви нуди можност за напредок во команијата,ви нуди можност за запознавање со многу луѓе кои понатаму ќе ви помогнат за вмрежување и достигнување на вашите големи таргети.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено