МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

КРИСТИАН ЛЕШКОВ

[Главен оперативен директор ]

Сава Осигурување АД Скопје

Кристиан Лешков | Сава Осигурување АД Скопје

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Кристиан Лешков- Главен оперативен директор во Сава Осигурување АД Скопје

Осигурување магазин:Вашите почетоци во кариерата беа во банка,како изгледаше вашата кариерна патека и дали искуството во банка ви помогна и во осигурителниот сектор?

К.Лешков:Моите почетоци во банката беа директно поврзани со продажбата, тоа е пасија која ме движи до денес.Банката беше позитивно и значајно искуство во кариерниот развој, балансирано со многу добра дисциплина, тимски дух и работна атмосфера.

Кариерната патека во банката беше постепена и исполнета со многу предизвици и нови познанстава.

Поврзаноста помеѓу банката и осигурувањето се две различни финансиски институции, но секако искуството стекнато во банката ми помогна многу во развојот во осигурителната дејност.

Осигурување магазин:Иако сте на оваа позиција карток период вие имате одлични резултати на што се должи тоа и кој е клучот на успешно менаџирање со вработените,обврските и тежината која си ја носи самата работна позиција?

К.Лешков:Во Сава Осигурување секојдневно се стремиме кон високи цели и успеси. Резултатите кои ги остваруваме се создаваат со тимска работа. Тимскиот дух и работата како тим е дел од нас и се стремиме да ги негуваме тие вредности.

Успехот секогаш е заеднички, проследен со добра организација, високи цели,дисциплина, брзо решавање на проблемите, достапност и разбирање со вработените.

Осигурување магазин:На пазарот во Македонија како и на другите регионални пазари најголемо учество има задолжителното Авто осигурување.Каква е перспективата за развој и раст за доброволните класи на осигурување?

К.Лешков:Во Сава Осигурување имаме избалансирано портфолио со вкупна застапеност од 48% за класа 10.Незадолжителните класи се во постојан раст и се стремиме кон нивно надоградување со нови палети на производи. Секогаш се стремиме спрема потребите на клиентите.

Каско осигурување е во голем процент на застапеност во нашата компанија, препознатливо е на пазарот со брза и квалитетна услуга во делот на штетите.

Здравствено осигурување во ковид периодот зема голем замав и до денес има постојан раст.

Осигурување магазин:Која класа на осигурување во Македонија во иднина има најголема перспектива?

К.Лешков:Во иднина треба да дојде до зголемување на домаќинското осигурување кое е на ниско ниво на затапеност ,вкупно 7% од целиот осигурителен пазар. Едукацијата на населението за оваа класа треба да се зголеми, свеста е сеуште ниска за домаќинско осигурување, кое нуди широка палета на покритија на ризик.Просечната цена за осигурување на стан од 70м2 е 4.000мкд годишно.

Перспективен голем потенцијал има и класа 13 -одговорност, моментално е застапена но потенцијалот е многу поголем. Со развивање на пазарот се позастапена ќе биде класата на осигурување од одговорност.

Осигурување магазин:Дали се во припрема нови производи?На што ќе биде ставен фокусот наредиот период?

 К.Лешков:Сава осигурување секогаш е насочена кон нови модерни производи. Асистенциите ни се приоритет во тековниот период.Воведовме наменски продукт за осигурување на фотоволтаици, каде што сме единствени на пазарот. Застапени се и Авто асистенцијата и Домаќинската асистенција, кои ги организираме директно од нашиот call centar. Клиентот е најважната алка во целиот процес, каде што ние се стремиме да ги исполниме нивните потреби. Создадовме и нови продукти за миленици и продукти за велосипеди кои во блиска иднина треба да бидат прифатени од крајниот корисник. Во текот на оваа година планираме да воведеме и нови нестандардни производи.

Осигурување магазин:Што мислите за конкуренцијата на пазарот?Со оглед на тоа дека сте една од постарите осигурителни компании на пазарот и секогаш со добри резултати,како се справувате со конкурентрноста?

К.Лешков:Од година во година пазарот се развива и расте, се повеќе луѓе се едуцираат во покритијата кои ги нудат осигурителните компании. Конкуренцијата е постојано активна, флексибилна и полна со нови предизвици. Оваа година Сава Осигурување слави 30 години од постоење, во изминати години созревавме и созадовме новини на пазарот.Со конкуренцијата се справуваме така што имаме квалитетна понуда, понуда создадена за клиентот, со јасно дефинирани услови при продажба, квалитет и ефикасност при исплата на штета.

Осигурување магазин:Кристиан за крај,што мислите за нашиот портал,за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Одлично е да се има порталот каде што ќе ги споделиме сите предности, идеи, активности. Свеста за осигурувањето ќе треба да ја подигнеме на повисоко ниво со дополнителна едукации, активности и примери кои на клиентот ќе му дадат поширока слика за осигурувањето.

Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено