МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Хелена Милески

[Директор на продажба]

Хелена Милески

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Хелена Милески -Директор на продажба

Осигурување магазин: Како изгледаше вашата кариерна патека во осигурителната дејност?

Хелена М:Мојата одисеја низ осигурителниот сектор започна како надворешен агент, уште додека моето поглавје од средното училиште беше при крај. Патувањето еволуираше, сведочејќи дека се искачив на лидерски позиции по завршувањето на студиите, кулминирајќи со менаџерска позиција во една позната австриска брокерска фирма. Кариерата ја продолжувам во Белград , каде живеам скоро две години и исто се занимавам со животно осигурување. Во 2015 год се стекнувам со лиценца за брокер, а по Белград работам во македонска брзорастечка компанија како менаџер на два сектора, за живот и за приватно здравствено осигурување. Потоа животот ми носи голема лекција откако морав принудно да го отстапам своето брокерско друштво на тогашните партнери, но се со цел да ми донесе уште поубави нешта и да ме намести на мојата нова позиција Директор на продажба во Прва застапничка агенција.

Осигурување магазин: Со кои предизвици и проблеми се соочува едно ново отворено осигурително друштво во Македонија?

Хелена М:Тргнувањето во осигурителен бизнис потфат во Македонија е синоним за навигација низ лавиринтот на обемна документација, што е навистина основната пречка без разлика дали станува збор за застапничко друштво брокерско друштво или осигурителна компанија. Сепак, големината на предизвиците е пропорционална на триумфите кои следуваат, под услов темелите да бидат прецизно поставени.

Осигурување магазин: Која класа во иднина ќе има најголем раст според анализите во Македонија?

Хелена М:Ако се прашувам јас , мислам дека се повеќе расте трендот за полисите за живот со инвестиционите фондови. Момнетално се работи на продукт за кој лично сметам дека ќе направи пресврт на македонскиот пазар, затоа што секој оној на кој му е семејството приоритет, а притоа има кредити позади себе нема да одбие ваков начин на заштита за себе. Скулптираме револуционерен производ, замислен да го трансформира пејзажот на македонскиот осигуруителен пазар кој со нетрпение очекуваме да го објавиме во јавност.

Осигурување магазин: Што мислите за конкуренцијата на македонскиот пазар,колку е тешко да се привлечат нови осигуреници но и да се задржат старите осигурениците?

Хелена М:Јас цврсто се залагам за виталноста на здравата конкуренција. Оние кои ќе внесат страст, посветеност и професионализам во овој сектор, не треба да се плашат од стекнување или задржување на клиентите. Јас секогаш велам и стојам позади истото, дека конкуренцијата е здрава. Довербата е клучна и секој се врзува со човекот , не со компанијата, затоа лично сметам дека треба да се вложува и негува во вработените кои сакаат да се занимаваат со ваков тип на работа.

Осигурување магазина: Што е она што треба да го има секое брокерско друштво за да понуди добар производ и да стекне доверба кај осигурениците?

Хелена М:Без оглед на улогата во индустријата, камен-темелникот на успехот лежи во негувањето на професионален и кохезивен тим. Не само брокерските, почнувајќи и од застапничките па се до осигурителните компании сите треба да имаат добар тим на професионалци. Осигурителните компании се оние кои се креатори на производите а сите останати се канали кои помагаат производот да стигне до купувачот. Добриот производ е клучен за одредената таргет група, но сепак сметам дека инвестицијата во професионалец во осигурувањето е непроценлива. Луѓето сакаат луѓе кои имаат знаење, трпение и љубезност. Соединувањето на насочен, супериорен производ и непроценлива инвестиција во професионалната експертиза, на крајот триумфира.

Осигурување магазин: Хелена за крај,што мислите за нашиот портал,за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Хелена М:Вашиот портал е потфат за пофалба, освежувачки бран на иновации чија цел е да ги просветли масите за често загадочниот свет на осигурувањето. Подигнувањето на свеста за овој важен сектор, особено онаму каде што постојат заблуди, е клучна. Секоја чест за вашиот иновативен потфат.

Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено