МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

ГОРАН СТОЈАНОВ

[Извршен директор]

ОБД ВЕГА осигурување АД Скопје

Горан Стојанов | ОБД Вега осигурување АД Скопје

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Горан Стојанов-Извршен директор во ОБД Вера осигурување АД Скопје

Осигурување магазин:Имате долгогодишно искуство во осигурувањето,од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Горан С:Во една  сосема поразлична пазарна содржина, форма и време започнав во светот на осигурување како превземач на ризици на терен или агент за осигурување или застапник во тогашната ВАРДАР осигурување АД Скопје, пред скоро 30 години. Во наредната декада и половина, добивав задолженија и во делот на осигурување на големи клиенти, специфични осигурувања и реосигурување, фронтинзи како и припрема на понуда за учество на јавните набавки за услуги на осигурувањето.

По влезот на Триглав осигурување на нашиот пазар , добив одговорност и чест да бидам директор на продажба, а во вториот мандат и како помошник на управата на друштвото. Понатаму, продолжив во Сава осигурување АД Скопје како помошник на управата за продажба а од 2020 год  сум најодговорен за работењето на еден нов субјект како посредник на пазарот на осигурување, Осигурително брокерското друштво ВЕГА осигурување АД- Скопје.

Осигурување магазин: Дали во Македонија е подигната свеста за осигурувањето и колку граѓаните се информирани за важноста на осигурувањето?

Горан С:Во период од последниве 10 години односно од 2012 год до 2022 година, ако се анализираат резултатите на пазарот на осигурување, скоро е дуплирана брутополисирана премија што укажува секако на зголемениот интерес за осигурување.Сепак, најголемо учество во овој развој има задолжителната класа на осигурување т.н автоодговорност по која следат животното осигурување, имотните осигурувања, доброволното здравствено осигурување итн.

Сведоци бевме на голем борј увезени половни возила како и со продажбата на нови возила кои дадоа свој придонес во зголемувањето на бројот на полиси од автомобилска одговорност. Задолжувањето со кредити како кај населението така и кај фирмите повторно е поврзано со полиса или за животно осигурување или пак имотна полиса  и тука би се кажало дека се работи за некаква “несвесна поддршка“ од клиентите во растот  на пазарот на осигурување .

Но, како “свесна поддршка” на осигурителните продукти би било приватното здравствено осигурување коешто веќе се покажува како вистинска потреба за секое семејство.

Многу компании како алатка за зголемување на лојалноста на своите вработени, го одбираат токму ова осигурување и им го плаќаат на вработените како знак на дополнителна грижа за нив.

Граѓаните како и фирмите, со задоволство ги пречекаа и им дадоа голема поддршка на новите осигурителни продукти кои се појавија овој  период.Ова особено се однесува на приватното доброволно здравствено осигурување,асистенциите како дополнителна вредност на некои продукти, осигурување на професионалната одговорност, како и осигурување на  побарувањата.

Осигурување магазин:Со кои предизвиците се соочува едно осигурително брокерско друштво и што да очекува клиентот од вашата услуга?

Горан С:Значењето на брокерот за осигурување т.е осигурително брокерските друштва како посредници помеѓу Друштвата за осигурување кои ги издаваат полисите   и клиентите  кои имаат потреба од истите, од аспект на продажба на полиси за цел овој поминат  период, бележи нагорен тренд. Ако пред 10 години помалку од 1/4 од вкупната премија доаѓаше од брокерските друштва, сега имаме продажба од негде 1/3 од вкупната премија. Бројот на лиценцирани брокери како и на нови осигурително брокерски друштва расте и е скоро дуплиран а ова, секако придонесува за приближувањето на договорот за осигурување до што е можно повеќе заинтересирани.

Сепак како најважни учесници на пазарот на осигурување се осигурителните компании и Агенцијата за супервизија на осигурување без чијашто финансиска стабилност и стручност, односно правилно поставена и  навремена   супервизорска рамка од регулаторот, денешната слика за Македонскиот осигурителен пазар не би била ваква.

Нашата улога како бркери e да работиме и делуваме како  посредници  во осигурувањето, па би сакал да дозволите да споделам повеќе информации за вашите читатели и за сите останати коишто се заинтересирани за еден поинаков однос и пристап кон услугите од осигурутелниот сектор.

Осигурително брокерско друштво е правно лице- домашно акционерско друштво  кое има дозвола за вршење на осигурително брокерски работи од Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Агенцијата за супервизија на осигурувањето  донесува решение за издавање дозвола со исполнување на одредени предуслови.

Осигурителното брокерско друштво врши осигурително брокерски работи преку осигурителните брокери кои се во работен однос во осигурително брокерско друштво и ниту едно друго лице не може да ги врши осигурително брокерски работи.

Брокерот ја добива лиценцата  по положен стручен испит  од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и она што е многу важно тука да истакнам, е дека ги претставува и делува во име и за сметка на своите клиенти во однос на друштвата за осигурување и реосигурување.

Согласно чл.140 од Законот за супервизија во осигурување, брокерот е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појасувања и совети на осигурениците за сите околности, релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договорите за осигурување за одделни класи на осигурување или по однос на одделни друштва за осигурување а особено е должен :

  • да  изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот ;
  • посредува во име на осигуреникот за склучување на договор за осигурување кои земајќи ги предвид сите околности од значење за ризикот на поединечниот случај, ќе му обезбеди на осигуреникот најсоодветно покритие ;
  • го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и го запознава осигуреникот со условите на полисите и прописите кои ја регулираат определувањето на износот на премијата ;
  • ја проверува содржината на полисите за осигурување ;
  • укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување како пред така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
  • доколку посредува во реализација на оштетните побарувања е должен да соработува со надлежните служби на клиентот за подготовка на доказната документација за основата и висината на оштетното побарување како и да прибира други потребни докази.

Доколку осигурувањето, односно реосигурувањето на односниот ризик не може да се изврши од домашните друштва за осигурување, брокерот може да посредува при склучување на договори за осигурување со странски друштва за осигурување.  

Како што гледате, одговорностите и должностите се претставени во еден  широк хоризонт со што  јасно е  значењето и улогата на брокерските друштва особено од страната на неговото величество клиентот-купувачот.

Со сите наши партнери на пазарот на осигурување (друштвата за осигурување), имаме склучувано договори за соработка, кои се пак  финансиски стабилни со коректна и брза исплата на штетите, а во последниве неколку години донесоа неколку подобрени како и нови продукти и услуги  со што ја  надополнија палетата на осигурителни производи достапна за пазарот.

Осигурување магазин:Кога клиентите се двоумат која компанија да ја одберат за нивната полиса,што е клучно за да одлучат со која компанија ќе го склучат договорот за осигурување?


Горан С:Приметливо е дека освен нови продукти, осигурителните компании понудија дополнувања и проширувања на веќе постоечките продукти кои нудат можност да се пресретнат што повеќе очекувања како и потреби на клиентите .

Исто така во една атмосфера на зголемена конкуренција особено во делот на осигурителните компании со формирањето на соодветни полиси/покритија на ризици, сведоци сме на подобрување на сите процеси (од делот на прием, па до исплата на штетите), со што работата на брокерот се олеснува, но уште една работа која остава најголем впечаток за нас како брокер би ја нарекол “прикриена”  специјализираност за одредени врсти на осигурување или продукти на одредени осигурителни компании.

Секоја компанија делува согласно своите деловни политики и стратегии, а истото се рефлектира и преку достапноста (квалитет/цена) на нивниот продукт со кој се обидуваат да дојдат до што повеќе клиенти.

Токму тука е и нашата улога како осигурителен брокер за препознавање на овие продукти согласно уникатната потреба и барање на клиентот,но согласно и со буџетот предвиден за оваа намена, а во светло и на нашата обврска да ги штитиме интересите на клиeнтите. Затоа, секое барање за понуда за осигурување од некој  клиент е поткрепено со неколку понуди каде на клиeнтот му сервираме краен одговор… зошто, кој, и за колку премија вреди да се даде довербата во соодветната компанија.

Секако дека крајниот збор го има клиентот!

Тука би ја истакнал и нашата Мисија која го дефинира и нашето работење:

Преку навремено и континуирано советување, заедно со клиентот ги утврдуваме и понатаму управуваме со опасностите и ризиците кои сѐ повеќе се присутни во нашето секојдневие, со цел избегнување на неизвесните финансиски  исходи.

Како  вработени во ОБД Вега осигурување, ние сме препознатливи по едноставниот речник најдостапен за секој граѓанин којшто многу ретко и се сретнува со осигурителните поими и значења на истите.

Осигурување магазин:Што мислите за конкуренцијата на македонскиот пазар, колку е тешко да се привлечат нови осигуреници но и да се задржат старите осигурениците?

Горан С:Квалитетен пазар што е фокусиран на клиентот е невозможен без голема конкуренција и секако добро поставена регулаторна рамка. Нашиот пазар е токму високо конкурентен и треба секој субјект добро да сработи (особено во делот кога ќе дојде до осигуран штетен настан или пријава на штета, па до решавање на истата) како би ги задржал постоечките клиенти којшто се сѐ повеќе информирани за осигурителните продукти и обврски што произлегуваат од договорите за осигурување.

Секако дека без ширење на портфолиото на клиенти која е и главна цел на секоја компанија на подолг рок, е голем предизвик во секој случај.

 Но, сепак како победнички вредности тука би ги истакнал:

  • Достапноста и одличната комуникација со клиентот на начин на кој највеќе му одговара;
  • Кажување на вистината (што се плаќа,што се одбива, што не е покриено, малуси при втори штети итн..колку и да звучат “лошо” ).
  • Искористување на првиот впечаток кај клиентот (одлична припрема на презентација со познавање на продуктот);
  • Многу повеќе телефонски повици, праќање на мејлови и оддржани состаноци, едноставно повеќе продажни активности !

Ние како ВЕГА брокер, конкретно сме активни и на социјалните мрежи каде на едноставен начин имаме намера да ја приближиме полисата за осигурување, а посебно потребата за правилно избран брокер за осигурување како гаранција дека го има неопходното покритие од ризици што му треба баш на клиентот, со плаќање на коректна цена.

Осигурување магазин:Горан за крај,што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Горан С:Ја поздравувам и ви давам голема поддршка да преку овој дигитален канал на комуникација, ја проширите потребата и бенефитите од осигурувањето.

Уверен сум дека со достапни, кратки и јасни информации од повеќе канали како еден континуиран процес на сите субјекти во нашиот сектор, како и можноста секој граѓанин да сака да посвети малку време и да се запознае со предноста да се биде осигуран, без разлика дали се работи за дом полиса, каско или пак животно осигурување, би ги имале и ние европските просечни бројки по жител кога се работи за осигурувањето.

Треба да сме повеќе одговорни и да се грижиме лично и за нашиот имот и за здравјето додека ги имаме и да не одиме на варијанта  дека нема мене да ми се случи или пак дека утре ќе помогне општината, градот или државата.

Сѐ уште сме далеку од регионалните просеци на годишна платена премија по жител, но трендот е позитивен и се движиме правилно.

Повеќето осигурителни компании се медиумски активни и земаат учество во разни настани за подигање на финансиската писменост организирани самостојно, преку Стопанската комора или пак преку Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Продолжете понатаму, јас ве читам редовно и до сега имавте одлични соговорници, а постојат уште многу наши колеги од секторот за вашите идни прилози, а кои оставиле големи дела, или во моментов ги прават своите успешни приказни  и секако дека треба да се споделуваат сите наши искуства и согледувања.

Ви посакувам  голем успех , ви благодарам на можноста за вакво претставување и сум ви на располагање за било какви идни активности кој се во насока на раст и развој на македонскиот пазар на осигурување.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено