МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Д-р ДАРКО БЛАЖЕВСКИ

[Сениор деловен аналитичар]

ADACTA

Д-р Дарко Блажевски | ADACTA

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на д-р Дарко Блажевски-Сениор деловен аналитичар во ADACTA

Осигурување магазин:Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

Д.Блажевски:Мојата кариера до сега ги опфати речиси сите аспекти на финансискиот сектор. Започнав со трезорско работење и тргување на девизниот пазар, a продолжив како кредитен аналитичар во банкарскиот сектор. Понатаму, работев во доменот на пазарот на капитал, поточно на развојот во пазарот на државни хартии од вредност во Секторот за управување со јавен долг при Министерството за финансии. Потоа, продолжив во одделот за инвестициско банкарство на Комерцијална банка АД Скопје. Секоја од овие позиции одигра значајна улога во она што сум денес. Тие не само што ми помогнаа да напредувам во кариерата, туку и го обликуваа моето размислување, тимски дух, процесот на донесување одлуки и стилот на лидерство.

Осигурување магазин:Што е тоа што ве натера да го одберете осигурителниот сектор за вашата понатамошна кариера?

Д.Блажевски:Особен предизвик ми претставува тоа што осигурувањето е интердисциплинарна дејност, каде што се пресекуваат знаењата од економијата, правото и актуарството. Истовремено, за разлика од универзалното банкарство или фондовското работење, осигурувањето има една изразена специфичност, имајќи предвид дека најзначајниот дел од пасивата на друштвата за осигурување ја сочинуваат пресметаните и монетарно изразени преземени ветувања дека осигурениците ќе биде соодветно обештетени при настанување на осигурениот случај, односно обврски на друштвата за осигурување познати како технички резерви.

Со претходното искуство во финансискиот сектор, одлучив да започнам со работа во новоформираниот регулатор на осигурителниот пазарот – Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Таму поминав најдолг период од мојата кариера, речиси 13 години, на различни раководни позиции, при што бев вклучен во развојот на супервизорскиот капацитет и создавањето на потребната подзаконска регулатива.

Голема енергија посветив и на мојата докторска дисертација во областа на осигурувањето на катастрофалните ризици. Справувањето со катастрофалните ризици е комплексен процес, при што осигурувањето како механизам за трансфер на ризикот може многу да придонесе во намалувањето на финансиските последици од настанувањето на катастрофални ризици, имајќи предвид дека кога доаѓа до елементарни непогоди, истовремено се погодени голем број единки. Во светот има различни искуства за тоа како земјите го решаваат осигурувањето од катастрофални ризици, а полемиките за најоптимално решение можат да бидат долги и исцрпувачки. Сепак, најважниот заклучок од сите искуства е дека земјата мора да воспостави механизам за справување со последиците од катастрофалните ризици и дека секое одлагање на решението значи дека како заедница не сме спремни за соочување со последиците.

Осигурување магазин:На пазарот во Македонија како и на другите регионални пазари најголемо учество има задолжителното осигурување од автоодговорност. Каква е перспективата за развој и раст за доброволните класи на осигурување?

Д.Блажевски:Иако задолжителното осигурување од автоодговорност е најзначајна по обем класа на осигурување во нашата земја, сепак вистински мерка за развојот на осигурувањето во една земја треба да се гледа преку развојот на доброволните класи на осигурување.

Пред сé, тука мислам на осигурувањето на имот кое во нашата земја е незадоволително застапено, во споредба со земјите членки на ЕУ. Сметам дека не може да се даде едноставен одговор за причините на оваа состојба, туку тоа е резултат на повеќе фактори, меѓу кои најзначајни се цената на премијата за осигурување, (не)довербата кон друштвата за осигурување поврзана со процесот на обесштетување, а не помалку се значајни и навиките на заедницата и пристапот кон справувањето со ризици. За надминување на оваа состојба неопходен е системски пристап. Кај друштвата за осигурување неопходни се  подобри и полесно достапни осигурителни производи и поефикасно решавање на штетите, додека на страната на осигурениците подобро запознавање со осигурителните производи во насока на прилагодување на очекувањата. Но, за да не биде полесно кажано, отколку сторено, сметам дека развојот на осигурувањето на имот, особено во делот на населението може да доживее развој преку дефинирање на национални стандарди. На пример, во САД постојат стандарди за домаќинско осигурување (Home owners insurance или кратко HO, со броеви 1,2,3 итн кои означуваат различно покритие, односно различна цел на осигурување). Тоа придонесува да се израмнат очекувањата на осигурениците, односно тоа што сите нас не загрижува како осигуреници, а тоа е да не постојат скриени исклучоци позади ниската цена.

Од друга страна, и задолжителните осигурувања се воведуваат со цел да се одговори на системски значајни категории. Покрај задолжителните осигурувања во сообраќајот и професионалната одговорност, сметам дека задолжително осигурување треба да биде воведено и кај колективното домување. Осигурувањето на одговорноста кај станарите, навистина ќе стави крај на децениските недоразбирања меѓу соседите за протечениот таван, излеаниот радијатор и слични ризици. Одговорот и решението во овој случај не е во ЕУ директивите. Овие категории е потребно ние како заедница да ги идентификуваме и да ги имплементираме.  

Осигурување магазин:Кој е вашиот тековен деловен предизвик?

Д.Блажевски:Од ноември 2022 година, прифатив нов предизвик во мојата кариера и почнав да работам за ADACTA, меѓународна ИТ компанија за софтверски решенија во осигурителниот сектор. Моето работно место е во канцеларијата во Белград, каде што работам на позицијата сениор деловен аналитичар. Тоа е позиција во рамки на Секторот за деловна анализа, кој што наједноставно кажано ја претставува врската меѓу потребите на клиентот и програмерите кои треба да го оформат софтверот за потребите на клиентот.

Работата го следи моето уверување дека еден од клучните фактори за успех и раст на друштвата за осигурување е оперативната агилност, а тоа во денешно време на доминантна улога на дигиталната технологија е можно само преку квалитетно ИТ решение, кое овозможува забрзување на деловните процеси, зголемување на продуктивноста и воспоставувањето на контролни механизми. Согласно истражувањата на Gartner, водечка американска истражувачка и консултантска компанија, организациската агилност останува стратешки императив, затоа што бизнисите се соочуваат со закани од пандемии, сајбер криминал, климатски промени, но исто и од граѓанска и политичка нестабилност.

Нашата компанија ја применува парадигмата Low code no code, што подразбира методологија на развој на софтвер кој бара минимално кодирање/програграмиње. Целта е двојна, односно да се зголеми ефикасноста на софтверските професионалци, но и да се поттикне вклучување на деловните корисници да креираат или да ги менуваат деловни апликации. Овој пристап овозможува ИТ да пренесе некои клучни задачи на деловната страна, при што деловните корисници можат самостојно да преземат голем дел во дизајнот на осигурителните производи. Тоа придонесува кон зголемување на ефикасноста во работењето, намалување на трошоците кои во конвенционалните решенија подразбираат формални нарачки за нови решенија или модификации на постојните, а со тоа и продолжување на животниот век на софтверското решение.

Од големо значење за мене е што од почетокот на оваа година наш клиент е Халк осигурување АД Скопје, каде што сум дел од проектниот менаџмент за имплементација на ново софтверско решение.  Ми претставува голем личен предизвик да придонесам во канализирањето на процесите и потребите на нашиот клиент со цел да добие квалитетно и сеопфатно ИТ решение кое ќе претставува значаен двигател во нивниот развој.

Осигурување магазин:Дарко, што мислите за нашиот портал, за нашата идеја да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Д.Блажевски:Ја поздравувам срдечно вашата инцијатива за формирате портал посветен на осигурувањето. Тоа беше повеќе од потребно на нашиот простор, како место на кое ќе можат да се разменуваат сите значајни информации поврзани со осигурувањето. Верувам дека вашиот портал ќе прерасне во информативна и едукативна платформа каде што корисниците на осигурувањето и професионалците ќе можат да се информираат за случувањата на пазарот на осигурување во земјата и пошироко. Ве охрабрувам да бидете истрајни во идејата и да растете успешно.





Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено