Заштитата на правата на осигурениците секогаш бил, е и ќе остане да биде врвен приоритет на Агенцијата за супервизија на осигурување. Нашата максима е дека осигуренкот секогаш треба да ја добие најдобрата осигурителна услуга за средствата што ги вложува без разлика дали станува збор за осигурување живот, имот, здравје, незгода, автоодговорност, патување или други потреби.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатори на осигурителниот пазар, кои се грижат за заштита на вашите права преку едукација, секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се грижи за вашите права од осигурување и преку директно и непосредно постапување по ваш претставки. А претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено