Во најновата промоција А1 Македонија овозможи осигурување на екранот на смарт телефонот веднaш при самата набавка. Имено, со набавка на смарт телефон корисникот добива можност да се одлучи за осигурување на екранот, а со новата промоција го добива бесплатно за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период, корисникот ќе продолжи да го користи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена почнувајќи од само 49 ден/месечно.
Како се склучува за осигурување на екран?
Осигурувањето на екранот може да се активира веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1. За оваа услуга нема договорна обврска, односно може да биде откажана во секое време.
Осигурувањето е во зависност од цената на уредот. За уреди до 19.999 ден. цената за осигурување на екран изнесува 49 ден./месечно, а учеството во штета е 750 денари. За уреди над 20.000 ден. цената е 199 ден./месечно, а учеството во штета е 2.500 денари. Плаќањето е преку сметката на А1.
Што во случај на кршење на екранот?
Штетата настаната поради кршење на екранот корисникот треба да ја пријави со повик на Корисничката поддршка за осигурување на бројот 0800 5 1111.
Каде да го однесете уредот?
Осигурениот уред корисникот веднаш треба да го однесе во најблиското продажно место на А1 и уредот ќе биде поправен од страна на овластениот сервис.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено