МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Ралица Губерова

[Претседател на Групацијата на Осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија]

Ралица Губерова | Претседател на Групацијата на Осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија 

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Ралица Губерова-Претседател на Групацијата на Осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија 

Осигурување магазин: На иницијатива на регулаторот на осигурителниот пазар АСО сите осигурителни компании и повеќе од половина од сите осигурително-брокерски друштва се обединија создавајќи платформа за финансиска писменост во осигурувањето. Која е целта на оваа платформа, какви се очекувањата и кога се очекува да започне?

Ралица Г:Платформата за финансиска писменост во осигурувањето, претставува форма која преку зајакната координација меѓу регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурување и друштвата за осигурување како дел од финансискиот пазар, има заедничка цел за подигнување на финансиската писменост на населението, подобрување на степенот на финансиска инклузија и обезбедување соодветна заштита на осигурениците како потрошувачи.

Ова вклучува финансиска едукација со која ќе се овозможи подобро разбирање на финансиските производи, конкретно осигурителните производи и различните видови на осигурување, концепти и ризици, како развој на способности за соодветен избор и носење на издржана одлука во однос на избор на правилно осигурително покритие, разбирање на условите за осигурување кои се нудат со полисата за осигурување, оттука и соодветна одлука за управување со личните финансии, што во крајна цел придонесува за зголемена благосостојба на населението.

Очекувањата се дека преку Платформата за финансиска писменост ќе се зголеми свеста и разбирањето кај потрошувачите за значењето на осигурувањето и како тоа може да ги заштити нивните финансии и имоти, а преку тоа осигурениците ќе можат да носат и поинформирани одлуки при изборот на осигурително покритие.

Што се однесува до временскиот период за започнување, проектот стартуваше во ноември 2023 година кога се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување, друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување. Договорената соработка во сферата на едукацијата не е временски ограничен проект, туку претставува долгорочна иницијатива која ќе се развива и адаптира во зависност од тоа како се менуваат потребите и свеста на учесниците на пазарот на осигурување.

Осигурување магазин: Дали се очекува во наредниот период стапките на осигурување да се зголемат?

Ралица Г:Имајќи ги предвид глобалните економски случувања и високите стапки на инфлацијата во последните неколку години, очекувано е и цените на осигурителните производи да го следат трендот на зголемување на цените  на сите стоки и услуги. До сега, осигурителната индустрија успеваше тоа зголемување да го амортизира, но не верувам тоа да биде возможно на долгорочен план, бидејќи може да доведе до дестабилизација на целиот пазар на осигурување.

Од друга страна, повеќе причини можат да придонесат за зголемување на цените на осигурувањето. Неколку од најзначајните се:

  • Ризици и штети – при зголемување на ризиците или поголема зачестеност и поголем обем на штети од разни несреќни случаи, друштвата за осигурување можат да ја зголемат цената на осигурувањето како би можеле да ги покријат овие настанати трошоци;
  • Инфлација – бидејќи при зголемена инфлација, друштвата за осигурување се соочуваат со зголемени трошоци од работењето, како режиски трошоци, плати за вработените, канцелариски материјали и слично;
  • Законски измени – измените во регулативата исто така можат да влијаат во зголемување на цените на осигурувањето. Наведеното од аспект дека хармонизација со европска регулатива ќе предизвика значителни трошоци на друштвата за осигурување;
  • Природни катастрофи – ако се зголеми бројот на природни катастрофи или ако тие предизвикаат поголеми последици, како на пример големи штети од бура или пожари, осигурителните компании можат да ги зголемат премиите за да ги покријат трошоците на плаќање на настанатите штети.
  • Зголемени здравствени трошоци – зголемени трошоци за лекување во приватните здравствени установи може да резултира во зголемување на цените на здравственото осигурување.

Осигурување магазин: Г-ѓа Ралица, вие сте претседател на Групацијата на Осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија. Кои се најголемите предизвици со кои како се соочувате?

Ралица Г:Се разбира дека секоја индустрија се соочува со своите предизвици, па оттука Групацијата на Осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија има за цел полесно и координирано да се справува со предизвиците со кои се соочуваат друштвата за осигурување.

На пример, промените во законодавството и регулативните стандарди можат да имаат значителен ефект врз начинот на работа на осигурителните компании. Групација се труди да биде активно вклучена во процесот на креирање на нови регулаторни решенија и да ја претставува позицијата на индустријата.

Брзиот развој во технологијата, како што е вештачката интелигенција исто така донесува нови можности и предизвици за нас. Ние мора да бидеме подготвени да ги искористиме овие иновации за подобрување на услугите и да ги заштитиме нашите клиенти од новите видови на ризици.

Осoбено голем проблем кој е потребно посебно да се потенцира е недостатокот на човечки ресурси во индустријата и трендот на иселување на работна сила од државата кој е особено потенциран во последно време. Да се обидеме да го задржиме и/или разбудиме интересот на младите кон осигурителната индустрија е и една од причините сите да се вклучиме во платформата за финансиска писменост и инклузија за кои спомнавме погоре.

Осигурување магазин: Дали во нашата држава осигурителните компании и осигурително-брокерските друштва ги следат водечките меѓународни практики?

Ралица Г:Да, во многу случаи осигурителните компании и осигурително-брокерските друштва ги следат водечките меѓународни практики во индустријата. Ова вклучува следење на стандардите за управување со ризици, применување на најнови технологии и иновации, како и усогласување со регулативните стандарди.

Осигурување магазин:Дали постои решение за фер конкуренција меѓу компаниите, како би го постигнале тоа?

Ралица Г:Конкуренцијата е битен предуслов за да може еден пазар да се развива и цело време да може да им нуди на клиентите подобри и адекватни решенија за нивните потреби. Но фер конкуренцијата е тоа што ќе обезбеди квалитет и долгорочна переспектива на осигурителната индустрија.

Верувам дека сите членки на Групацијата веќе го имаат достигнаато потребното ниво на свест за да можеме да ги обединиме нашите сили во име на една понапредна осигурителна индустрија, фокусирана врз потребите како на клиентите така и на целото општество како учесници во финансискиот пазар.

Осигурување магазин: Ралица, за крај, што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Ралица Г:Идејата за подигнување на свеста за осигурувањето во Македонија е одлична и важна иницијатива. Осигурувањето е клучно за финансиската стабилност и заштита на личните и финансиските интереси на луѓето, па стимулирањето на свеста за неговото значење е од голема важност.

Порталот ќе биде одличен начин за објавување на информации, совети и едукација за различните видови на осигурување, предности, услови и начини на избор, што може да им помогне да направат паметни и информирани одлуки.

Доколку порталот е добро дизајниран и пристапен, верувам дека може да има значаен позитивен импакт врз заедницата и да придонесе за зголемување на финансиската свесност во Македонија.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено