Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на м-р Зорица Костовска, Раководител на отсек осигурување, план и анализа во Фершпед АД
Осигурување магазин: Како изгледаше Вашата кариерна патека и работењето од доменот на осигурувањето во Фершпед АД?
Зорица: Предизвикот осигурување во една од најмоќните шпедитерски компании во Македонија е присутен уште од почетокот на мојата работна кариера, и скоро една деценија е моја професионална преокупација. Многу е важно да се има план за кариерен развој со јасно поставена цел и јасно дефинирани чекори за стигнување до целта. Кога сте фокусирани и посветени на работата, неизбежна е желбата за успех, поврзана со нашите вредности и очекувања. Доколку сте мотивирани, љубопитни, истрајни и присутни , тогаш способностите и компетенциите можат само да се равиваат. Со оглед на тоа дека осигурувањето е моја љубов, на мое огромно задоволство, во Фершпед секојдневно се среќавам со предизвици, на кои одговарам со голема посветеност и професионалност. Во пракса успешно наоѓаат примена сите класи на осигурување, за што сум посебно горда.
Осигурување магазин: Како делувате во пракса и што е тоа што професионално Ве мотивира ?
Зорица: Фершпед е компанија со докажан имиџ. Во фокусот на работењето е клиентот и најважно е да го задржиме задоволството со квалитетна и стабилна услуга. Кога станува збор за осигурувањето, особено ме мотивира правилното и стручно мислење дадено на клиентите, како и спроведена одлука за квалитет и сигурност при избор на полиса. Кога знам дека моите напори одат по правилен пат, тоа ме охрабрува да се залагам повеќе. Мотивирачко е да се знае дека некој бара ваш придонес во некоја работа или одлука. Исто така, мотивирачки е и фактот дека вашите препораки ќе бидат спроведени. Во соработка со нашата компанија, овозможена е сеопфатна понуда и услуга од реномирани осигурителни компании за неживот и живот, како и брза достапност на полиси од сите класи на осигурување . Со целосна посветеност, професионалност и одговорност, советодавно реагираме во интерес на клиентот за избор на најквалитетна полиса со покритие и премија.
Осигурување магазин: Кои се Вашите конкурентски предности?
Зорица: Сигурни и квалитетни услуги на едно место. Конкурентската предност мора да биде нешто одржливо, нешто што ќе овозможи опстојување подолг временски период. Конкуренската предност мора да биде препознатлива на дело. Во таа насока е и нашата стратегија и примена на услугите од областа на транспорт и шпедиција, логистика и складишни услуги, царинско посредување, трговија на големо и мало со нафтени деривати, хотелски услуги, брокерски услуги, осигурување и останато. Интересите на своите клиенти ги следиме и на ниво на Групација.
Осигурување магазин: Што мислите за порталот Осигурување магазин и нашата идеја да ја подигнеме свеста за осигурување?
Зорица: Респект, секоја чест и само пофални зборови. Останете фокусирани и истрајни во намерата, бидејќи фокусираната енергија е моќ, а моќта е таа која го определува успехот. Свеста за осигурување кај сите нас треба да биде насочена како кон сигурна и квалитетна инвестиција со позитивен ефект и придобивки. Медиумската информираност и достапност е еден од факторите кој секако влијае на свеста за осигурување. Ве следам од самиот почеток и искрено, посакувам да траете долги години.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено