Blog

ПРИЈАВА НА ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ОСИГУРАНО ВОЗИЛО

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Во случај на сообраќајна незгода, согласно член 5 од Законот за задолжително осигурување (Службен весник 88/05) треба како оштетено лице барање за надомест на штета да поднесете до одговорното друштво за осигурување (друштво за осигурување каде причинителот на штета има склучено договор -полиса за осигурување од автомобилска одговорност).

Потребна документација 

-Записник за увид на лице место или
-Европски Извештај за сообракајна незгода (само за малa материјалнa штетa) согласно одредбите од Законот за безбедност на сообракајот на патиштата.
-Пријава на штета (образци за пријава на материјална штета имаат сите осигурителни друштва на своите шалтери).
-Барање за надомест на штета (за нематеријална штета) во кое детално се наведуваат основите за надомест на пооделни видови (за претрпена физичка болка, за претрпен страв, за намалена животна аквитност, за нагрденост) или за материјалниот дел на истата (за погребни трошоци, надгробен споменик и сл.)
-Комплетна медицинска документација доколку се работи за оштетно барање односно нематеријална штета (за сите видови на повреди).

Исто така доколку оштетеното лице смета дека се спорни правниот основ или определената висина на штетата ( материјална или нематеријална ) може да поднесе преставка до Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Тужба до надлежен суд не може директно да се поднесе ,потребно е претходно вонсудски штетата да се пријави ,тужбата може да се поднесе дури откако оштетеното лице нема да биде задоволно од утврдениот надомест.

Извор:НБО




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Осигурување на имот во три чекори

Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани – актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на (АСО) ни ги дава најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА:

-Кога избирате осигурување никогаш цената не мора да биде единствен одлучувачки фактор. Осигурувањето треба да одговара на вашите потреби;

– Мора да знаете што се покрива осигурувањето кое Ви се нуди.Затоа што некои ризици врз имотот се осигуруваат со дополнително осигурување;

-Осигураната сума на покритието треба да е соодветна на вредноста на имотот што го осигурувате. Исто така обрнете внимание на периодот од кој почнува да важи Вашата осигурителна полиса. Затоа што неосигурениот период е ризик.

НЕ СМЕЕТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ:

-Задолжително да одвоите време и да ги прочитате Условите за осигурување пред ја купите полисата. Особено обнете внимание на Исклучоците од осигурување (односно ризиците кои не ги покрива Вашата полиса);

-Секогаш е корисно да се консултирате со осигурителен брокер пред да купите осигурување. Нивната улога е да бидат ваши советници при купувањето полиса, но и ваши претставници пред осигурителните компании доколку се случи штета која е покриена со Вашето осигурување;

ШТО ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ШТЕТА И ТРЕБА ДА СЕ АКТИВИРА ОСИГУРУВАЊЕТО:

– Доколку се случи штета врз Вашиот имот кој е осигуран, треба да пријавите кај компанијата од која сте купиле осигурување;

– Во рок од 14 дена од пријавувањето осигурителната компанија мора да изврши увид и проценка на пријавената штета. Ако Вашата документација е некомплетна осигурителот е должен во дадениот рок да побара дополнување на истата;

– За најмногу 60 дена од пријавата на штета осигурителот мора да Ви достави одговор; Доколку не сте задоволни од решавањето на штета или Вашето барање е одбиено може да поднесете Претставка до АСО на следната мејл адреса pretstavki@aso.mk

Извор:АСО

Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва во кампања за финансиска едукација

Во рамки на Глобалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“ , Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва се вклучи со едукативен настан – предавање за студентите од трета и четврта година на Економскиот факултет во Скопје, при универзитеот Св. Кирил и Методиј.

Ваквите настани треба да придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, правата на осигурениците, промоција на финансиската едукација и подигање на јавната свест за значењето на осигурувањето.

Оваа активност е дел од континуираните напори на Агенцијата за супервизија и членките на платформата за финансиска писменост во осигурувањето, а во рамки на Националната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.

Претседателот на Асоцијацијата, д-р Оливера Клинчарова ги презентираше осигурително – брокерските работи и нивната улога во процесот од снимање на ризик и сите законски и етички обврски во процесот на посредување, наплата на премија, укажување на помош во текот на траењето на договорот и стручна помош при настанување на осигуран случај. Исто така беше истакната можноста за студентите да остваруваат практична работа во секторот осигурување како динамична стопанска дејност, а понатаму и да продолжат со едукација и лиценцирање во оваа област.

Наставна програма за младите да зачекорат во   водите на осигурувањето

 Главна цел на студиската програма од областа на осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.

 Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.

 Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.

 Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:  

  • Главни извршни и оперативни менаџери
  • Неизвршни менаџери во Одборите на директори
  • Секторски и регионални менаџери
  • Менаџери на друштва за застапување и осигурително брокерски друштва
  • Менаџери на линиско ниво на менаџмент
  • Стратегиски и бизнис аналитичари и планери
  • Застапници и брокери во продажната мрежа
  • Вработени во супервизорско-регулаторни институции
  • Менаџери и агенти во системот на капитално-финансирано пензиско осигурување
  • Стручен кадар, советници и соработници на неменаџерски позиции

 По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.

Менаџмент во осигурување – наставна програма 2022/23 – Економски факултет – Скопје (ukim.edu.mk)

Дознајте како осигурувањето нè заштитува денес и нè обезбедува утре

На 8-ми април, Факултетот за економски и административни науки при Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) заедно со Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија ја организираа првата интерактивна едукативна презентација на тема „Дознајте како осигурувањето нè штити денес и нè обезбедува утре“ за студентите на Меѓународниот Балкански универзитет.

Настанот беше организиран со цел да се зголеми знаењето и свеста за осигурувањето, како и да се промовира финансиската писменост и финансиската вклученост на различни социјални групи, со цел подобро познавање на осигурителниот пазар, управувањето со ризик, подобро разбирање на осигурителните производи и услуги, обезбедување зголемена заштита на осигурениците, како и презентирање на осигурувањето како интересна работна професија за младите. 
Осигурителните друштва членки на Групацијата веруваат дека придобивките од финансиската едукација се взаемни за економијата, поединецот, домаќинствата и општеството во целина. Оттука, финансиски образованото население подобро го разбира финансискиот пазар и производите, стекнува способност да ги искористи предностите на финансиските производи и подобро да се заштити од финансиски ризици. Од друга страна, подобрата финансиска писменост и свесност на населението придонесува за поголема финансиска вклученост.

Студентите имаа привилегија да стекнаат знаења и да дискутираат за осигурувањето во Македонија од докажани и признати професионалци од осигурителната индустрија со долгогодишно практично искуство и знаење. Имено, на настанот се обратија претставници од четири престижни осигурителни компании, членки на Групацијата на осигурување при Стопанската комора на Северна Македонија:

– Г-дин Климе Попоски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Winner Insurance, Vienna Insurance Group, Скопје
– Г-дин Ило Ристовски, претседател на Управен одбор и генерален директор на Халк осигурување АД Скопје
– Г-дин Горан Божиновски, менаџер на Академијата во Кроација осигурување – Живот АД Скопје
– Славко Саздовски, директор на Одделот за човечки ресурси и академија во Триглав Осигурување-Живот АД Скопје, како и 
– г-ѓа Антонета Манова Ставреска, проектен менаџер и задолжена за Здружението на финансиските организации при Стопанската комора на Северна Македонија.

Последно, но не и најмалку важно, проректорите доц. д-р Мевлудин Ибиш, доц. д-р Сејхан Муртезан Ибрахими, декан на Факултетот за економски и административни науки доц. д-р Лиза Алили Сулејмани и доц. Проф. д-р Елена Парнарџиева Станоевска имаа шанса да разменат мислења за можностите за понатамошна соработка помеѓу Стопанската комора и Меѓународниот балкански универзитет (МБУ).

Извор:mchamber