Blog

Една од главните придобивки од користењето на брокери е тоа што тие можат да ви заштедат време и пари со тоа што ќе направат истражување и споредба за вас

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва
при Стопанската комора на Република Северна Македонија, претседател на Одборот на директори на осигурителното брокерско друштво Делта ИНС брокер АД Скопје

Асоцијацијата на осигурително брокерски друштва, како форма на организирање во рамките на Стопанската комора,беше формирана на 6.7.2011 година со цел унапредување на осигурително-брокерската дејност, решавање на тековни прашања и заедничко дејствување за актуелни состојби во дејноста, зајакнување на соработката меѓу финансиските институции кои вршат осигурување и осигурителните посредници, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на осигурителниот сектор.


Асоцијацијата настојува да ги насочи активностите и кон унапредување на бизнис-климата, поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, со цел унапредување на осигурителната заштита на клиентите,спроведување на фер правила и практики,посебно за комплексни производи и нови и иновативни финансиски активности, и долгорочно јакнење на јавната доверба во осигурувањето и промовирање на зголемено ниво на транспарентност, на едноставност и на правичност на пазарот за осигурителни производи и услуги.


Асоцијацијата развива партнерска соработка со супервизорот − Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Групација на осигурувањето, како и Министерството за финансии кое е задолжено за донесување на законските решенија. Заеднички партнер сме со други финансиски асоцијации со цел запознавање со услугите кои им се нудат на осигурениците и заштита на нивните права во случај на штетен настан, како и проекти кои се наменети за
финансиска едукација и финансиска инклузија. Асоцијацијата работи на континуирана едукација на нашите членки затоа што светот и бизнисите се соочуваат со нови глобални и регионални ризици, дигитализацијата и вештачката интелигенција.


Актуелна е и новата шема за земјоделско осигурување, која подолг период се подготвува во Министерството за земјоделие и која би значела креирање на еден осигурителен пул, со цел поголем опфат на осигурувањето на посевите и на плодовите како најранлива катергорија при настанување на катастрофални ризици во земјоделието поради климатските промени.
Справувањето со катастрофалните ризици е комплексен процес при што осигурувањето како механизам за трансфер на ризикот може многу да придонесе во намалувањето на финансиските последици од настанувањето на катастрофални ризици. Во светот има различни искуства за тоа како земјите го решаваат осигурувањето од катастрофални ризици, но сепак најважниот заклучок од сите искуства е дека државата мора да воспостави механизам за справување со последиците од катастрофалните ризици.

Исто така како значајна алка во дистрибуцијата на осигурување од автомобилска одговорност вклучени сме во проектот„Платена полиса“ на Националното биро за осигурување и осигурителните компании во земјава.
Посетата на г. Ник де Маесхалк (Nic De Maesschalck), директор на Европската федерација на посредници во осигурувањето(BIPAR [European Federation of Insurance Intermediaries]), на Македонија во септември 2022 година, беше искористена за работна средба со претставници од Министерството за финансии, Асоцијацијата и Стопанската комора каде што главна тема
беа европските текови и хармонизацијата со европското право од осигурителната област.Во врска со ова ги следиме и придобивките и резултатите од примената на европската Директива за дистрибуција на осигурувањето која треба да се имплементира и во нашето законодавство.

Придобивки од користење на осигурително-брокерски услуги

Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување, како претставници на клиентите и воедно како посредници меѓу осигурениците и осигурителните компании, можат многу да придонесат за развојот на самата осигурителна дејност, пред сè преку согледување на реалните потреби
на осигурениците и нивно обезбедување преку соодветните понуди на осигурителните компании.Една од главните придобивки од користењето на брокери е тоа што тие можат да ви заштедат време и пари со тоа што ќе направат истражување и споредба за вас. Тие можат да пристапат до широк спектар на опции и да ги прилагодат на вашите специфични потреби и цели. Брокерите исто така можат да ја искористат својата експертиза и да ги искористат своите односи за да преговараат за подобри услови и да ви помогнат во процесот на аплицирање и на одобрување. Брокерите исто така можат да ви дадат непристрасен и персонализиран совет во случај на какви било прашања или спорови.
Работењето на осигурително-брокерските друштва е регулирано со Законот за супервизија на осигурувањето, согласно кој нашите услуги за клиентите, правни и физички лица, се без надоместок и главно се однесуваат на укажување помош во текот на важењето на договорот за осигурување како пред така и по настанувањето на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил сите правни дејствија во предвидените рокови кои
се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.

Стратешка цел е обезбедување на оптимален квалитет на осигурување со имплементирање високо ниво на услуга во сите сегменти од спроведувањето на осигурителниот процес.
Во тек е подготовка на нова законска рамка за осигурување согласно Стратешкиот план за работа на Министерството за финансии, која е планирана да се донесе во првиот квартал од 2024 година. За таа цел,во Министерството за финансии беа одржани повеќе состаноци, а претставници од Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва се вклучени во работната група за подготовка на законот со конкретни предложени законски решенија во делот на уредување на осигурителните брокерски друштва и каде што сметавме дека е потребно подобрување на постојните законски решенија.
И за крај:
„Да ви треба осигурување е како да ви треба падобран. Ако не е таму првиот пат,голема е веројатноста дека нема да ви треба повторно.

(Needing insurance is like needing a parachute. If it isn‘t there the first time,chances are you won‘t be needing it again.)“

Извор:Економија и бизнис




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Историја на осигурувањето

Историјата на осигурувањето може да се следи илјадници години наназад.

Во кодексот на Хамураби напишан околу 1754 година п.н.е. стои дека доколку трговец е нападнат на територијата на Вавлион, власта ќе се погрижи да му ги надомести трошоците. Тоа и претставува основата на осигурувањето – надоместок на штета.

Сите видови на осигурително покритие се достапни денес, но поморското осигурување е широко признаено како најрана позната форма. Уште пред 5.000 години, кинеските трговци се заштитија од загубите во поморскиот пат ширејќи го товарот меѓу повеќе бродови. Вавилонските трговци со бродови земале заеми за пратките и плаќале надомест за „простување заем“ на заемодавците во случај на загуба или кражба на море. Оваа форма на осигурително право е запишана во Законикот на Хамураби, список од неколку стотици закони објавени од истоимениот вавилонски владетел за време на неговото владеење од 1792 година п.н.е. до 1750 п.н.е.

Начелата од кодот на Хамураби се развиле и распространиле во антиката. Така настанале осигурителните заедниците во Грција околу 800 п.н.е.  Тие врз заемна основа ги надоместувале загубите што настанувале при превоз на море. Секој член на заедниците вложувал одредена сума и можел да бара надоместок доколку се случи штета.

Надградба на овие заедници биле бродските заедници во Персискиот Залив. Тие му набавувале нов брод на сопственикот чиј брод ќе потонел.

Пресвртница е комерцијалното осигурување т.е. формирањето на специјализирани компании коишто заработуваат при осигурувањето. Првата комерцијална компанија е основана во Бриж, Белгија. Најпрво мала белгиска банка ,нудела осигурување на добра. Банката потоа во 1310 година се трансформира и станува првата осигурителна компанија.

Првите самостојни договори во осигурувањето настанале во почетокот на XIV век во Џенова, Италија.  Со појавата на овие договори, првпат ѝ е дадена јасна и недвосмислена правна форма на економската содржина на осигурувањето. Ова било силен поттик тоа да стане значајна важна стопанска дејност.

За да ја намалат опасноста на која се изложени, подучени од искуството, соптвениците на бродови имале осигурување. Во ова осигурување влегувал само еден мал дел од вредноста на одредената стока. Тие истовремено земале во осигурување и дел од вредноста на други стоки во други бродови кои пловеле по различни мориња. На тој начин се овозможувало обезбедување во случај да пропадне едниот брод или стока, да ги компензираат своите загуби со големите заработувачки. Ова претставувало прво свесно организирање на ризичните заедници меѓу лица изложени на лични опасности на разни места и во различно време од страна на едно лице.

Во 1575 Британскиот Парламент ја основа комората за осигурување – Chamber of Insurance.

Многу важен настан за развојот на осигурувањето е пожарот во лондон во 1666та година кој поттикнал да се основаат мноштво осигурителни компании. Од тука почнуваат и зачетоците на познатата Лојд од Лондон.

Во текот на 19 век со развојот на статистиката и актуарската математика доаѓа до огромен развој на осигурувањето. Ова доведува до воведување на нова законска регулатива, пензиски систем како и развој на Реосигурување. Реосигурувањето претставува предавање на ризикот од страна на осигурителната компанија на друга компанија на комерцијална основа.

    https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5

    Зошто приватно здравствено е важен бенефит за вашите вработените?

    Добрата плата веќе не е доволен услов за да ги привлечете и задржите најдобрите таленти. За да останете атрактивни на пазарот на трудот мора да обрнете внимание и на бенефициската програма.

    Повеќето луѓе кои бараат работа ќе кажат дека парите се најважниот фактор при изборот на работа. Тоа е така бидејќи никој не сака да работи нешто за кое е недоволно платен знаејќи дека останатите компании нудат многу подобри услови.

    Но, ако премногу се фокусираат на износот, кандидатите може да ги занемарат и другите придобивки од работата, а тоа се бенефитите.

    Првото нешто што кандидатите го забележуваат кога ќе го видат вашиот оглас е, секако, платата. Меѓутоа, кога ќе ја прифатат работата кандидатите сфаќаат дека добрите бенефити вредат многу повеќе од износот кој го добиваат секој месец на својата банкарска сметка.

    И токму тие се тоа што ги држи вработените мотивирани, ангажирани и задоволни на долг рок.

    Точно е дека бенефитите не можат да го нахранат нивното семејство, но затоа можат да го подобрат квалитетот на живот. Приватното здравствено осигурување им дава сигурност во најразлични животни ситуации.

    Секој сака да заработува повеќе пари, но размислете добро зошто ни е потребен плус доход на онаа плата што веќе ја заработуваме.

    Зошто го посакувате или ви е потребен тој дополнителен приход? За да им обезбедите подобро образование на вашите деца, да си овозможите брзо и квалитетно лекување кога најмногу ви е потребно,да патувате на море… листата е долга.

    Кога би работеле во компанија со добра бенефициска програма, бенефитите би можеле да ви заштедат пари што во теорија е исто како да ви ја покачиле платата.

    Здравствено осигурување е одличен бенефит кои секој вработен посакува да го има за него но и за неговото семејство.

    Во време кога нашето лично здравје е доведено во прашање, приватното здравствено осигурување како бенефит што го добиваат вашите вработените не само што ќе придонесе  задоволство кај вашите вработени туку тоа и ќе резултира со висаока продуктивност во вашата компанија.Приватното здравствено може и да промени многу работи во вашата стратегија за привлекување на врвни кандидати.

    За да привлечете одлични кандидати, потребно е да понудите одлични услови, а овој бенефит дефинитивно ќе ви помогне во тоа.

    Нудењето приватно здравствено осигурвање на вработените покажува дека се грижите за целокупната благосостојба на вашиот тим.

    Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

    Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

    Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

    Секое трето осигурано возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра). 

    Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување. 

    Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра). 

    Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто, покажуваат податоците на НБО.

    НБО има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.

    Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта  имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира  Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.  

    Во 2023 година во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување“ учествувала со 4,8 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 9,9 отсто, „Уника“ со 14,6 отсто, „Триглав осигурување“ со 8,8 отсто, а „Сава осигурување“ со 9 отсто. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ“ отпаѓа 13,4 отсто, на „Еуролинк“ 8,4 отсто, „Граве“ 8,8 отсто, „Халк Осигурување“ учествува со 6,4 отсто и „Осигурителна полиса“ со 9,5 отсто.    

    Извор: АСО

    Креативна едукативна игра “Помалку ризик, повеќе забава”

    АСО се труди да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование за да ги подготви младите со претприемачки способности после школувањето.

    Едукативната друштвена игра „Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел подигнување на степенот на финансиска писменост кај младите луѓе. Важно е да се зајакнува свеста кај младите за важноста за ризиците кои не опкружуваат: важноста за осигурување на животот и имотот. Целта на оваа игра е преку забава да се поттикне свеста за ризиците и да се запознаат младите со можностите во управување со ризиците кои ги нуди осигурувањето во различни фази од животот.

    Играта се игра на различни нивоа:

    Ниво1 (за лица до 12 години). Учесниците треба да ги идентификуваат ризиците и да размислат како да ги избегнат или барем минимизираат.

    Ниво 2 (за лица со познавање на осигурителниот сектор). Учесниците треба да истакнат како може да се осигуруваат себе си од можните ризици (на пример со пренесување на ризикот преку склучување на договор за осигурување).

    Суштината на играта за двете нивоа е да се разговара за разните ситуации и вклучените ризици со цел да се разменат искуства и перспективи. Младите треба да се поттикнуваат да пробуваат нови работи, но истовремено да ги знаат можните ризици, да научат како да се справат со нив и со тоа да ги надминат. Играчите во играта се стекнуваат со различни улоги, како на пример улога: на дете, тинејџер, млада возрасна личност, родители, баба, дедо. Играчите преку влечење на карта добиваат улога, ја анализираат конкретната ситуација и презентираат предлог решение кое носи поени од 0-3. Поените се собираат, за секој добиен поен играчот се поместува за едно поле напред.

    „Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел играчите низ игра да поминат низ различни фази на животот и преку разновидни ризични ситуации да поминат со што помали претрпени штети од ризикот и да ја постигнат крајната цел, да ја подобрат својата благосостојба, да остарат здраво и среќно.

    АСО ги поканува заинтересираните основни и средни училишта, факултети, да ги контактираат доколку сакаат да обезбедат примерок од играта бидејќи истата овозможува унапредување на знаењето на младите за финансиските поими, обезбедува да бидат свесни за финансиските можности и ризиците со цел сигурно да ја планираат својата иднина.