Blog

ОСИГУРЕНИЦИ ВО АВГУСТ НАПЛАТИЈА НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД НЕЖИВОТНИ ОСИГУРУВАЊА

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за пoкривање медицински трошоци осигурани со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милиони евра. Над 500 наши сограѓани во август побарале и добиле обештетување од 100.000 евра за штети покриени со патничко осигурување за патување во странство

Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 мил. евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени со осигурување наплатиле 22 отсто (57,3 милиони денари) повеќе во споредба со истиот месец 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Најголеми растови на исплатени штети во август годинава во споредба со истиот месец лани има кај каско осигурувањето на моторни возила и кај приватното здравствено осигурување. За осигурени штети покриени со каско осигурување сопствениците на моторни возила во август наплатиле 63,4 милиони денари (1,03 мил.евра). Тоа е за 58 отсто повисок износ на исплатени штети во однос на август 2022 година.

За медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување во август осигуреници наплатиле 45,1 милиони денари (над 733.000 евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од истиот месец лани. И во август продолжува трендот најголемо учество во вкупниот број на исплатени штети да имаат токму штетите кои се неменети за покривање на медицински трошоци. Половина од сите исплатени штети во овој месец се однесуваат на приватно здравствено осигурување.

Од штети врз осигуран имот во овој месец осигуреници наплатиле 21,2 милиони денари (345.000 евра). Актуелно во период на летни одмори е и патничкото осигурување кое покрива штети при летување во странство. По ова осигурување компаниите на осигуреници им исплатиле 6,3 милиони денари (над 100.000 евра), што е за 17 отсто повеќе од истиот месец лани.

Очекувано, најголем износ на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) кое е всушност и најголема осигурителна класа. Во август се исплатени 153,8 милиони денари (2,5 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од лани.

Во исплатените штети „Уника“ учествува со 12 отсто, „Триглав осигурување“ со 12,7 отсто, „Винер ВИГ“ со 11 отсто, „Сава осигурување“ со 13,8 отсто, а „Осигурителна полиса“ со 5,9 отсто. Учеството на „АДОР Македонија ВИГ“ е 8,7 отсто, на „Евроинс осигурување“ е 4,4 отсто, „Еуролинк“ учествува со 10,4 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 10,9 отсто, „Халк осигурување“ со 8,4 отсто и „Граве неживот“ со 1,8 отсто.

ИЗВОР

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања – Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk)




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје објави известување за статусна промена – присоединување

Осигурителното друштво Винер-Виена Иншуренс Груп АД Скопје со претседател на Управен одбор Климе Попоски на 15.05.2023 објави известување за Статусна промена – присоединување, при што Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (како друштво што презема).

Известување за статусна промена – присоединување

Наставна програма за младите да зачекорат во   водите на осигурувањето

 Главна цел на студиската програма од областа на осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.

 Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.

 Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.

 Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:  

  • Главни извршни и оперативни менаџери
  • Неизвршни менаџери во Одборите на директори
  • Секторски и регионални менаџери
  • Менаџери на друштва за застапување и осигурително брокерски друштва
  • Менаџери на линиско ниво на менаџмент
  • Стратегиски и бизнис аналитичари и планери
  • Застапници и брокери во продажната мрежа
  • Вработени во супервизорско-регулаторни институции
  • Менаџери и агенти во системот на капитално-финансирано пензиско осигурување
  • Стручен кадар, советници и соработници на неменаџерски позиции

 По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.

Менаџмент во осигурување – наставна програма 2022/23 – Економски факултет – Скопје (ukim.edu.mk)

Која е постапката доколку во странство ви се случи сообраќајна незгода

 Кога се патува во странство со моторно или приклучно возило надвор од границите на Р.С.Македонија задолжително треба да се поседува валидна зелена карта за моторното и приклучното возило .

Доколку ви се случи сообраќајна незгода во странство еве што треба да направите:

– пријава на штета која се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.

– во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот
примерок).

– во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.

– ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во која се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).

– Ако штетате е предизвикана од неосигурано возило ( независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со рег.таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода.Напоменуваме дека при ова прашање треба да се има во предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.

– во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво кое ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).

Извор НБО

Животно осигурување со штедење – начин за сигурна иднина

Финансиската сигурност и штедењето се особено важни за соочување со сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот, како и во време на зголемена несигурност поради политички и економски кризи. Инвестирањето во инвестициски фондови носи зголемен ризик бидејќи вредноста на уделите зависи директно од движењето на финансиските пазари и нема никаква гаранција за добивки или загуби. Поради тоа, граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски.

Склучувањето на полиса за животно осигурување е долгорочна одлука која претставува финансиска заштита и обезбедување на сите оние кои зависат од осигуреникот, но една од најатрактивните опции на пазарот е животното осигурување со штедење, кое нуди акумулирање на средствата, односно еден вид на заштеда. Имено, освен осигурената сума во случај на смрт, оваа можност нуди и исплата на загарантирана осигурена сума во случај на доживување.

Триглав Осигурување Живот нуди одлична можност за осигурување на животот со штедење и има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќа, кој покрај полисата за животно осигурување ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекување на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата во износот кој е договорен при склучување на полисата, а истовремено неговиот живот е осигуран, со што неговите најблиски се финансиски заштитени.

Со овој тип на осигурување може да се осигураат сите лица од 14 до 65 години со минимална премија од 15 евра, на период од 5 до 25 години, во зависност од желбите и индивидуалните потреби на клиентите. Покрај основното осигурување, нуди и дополнително покритие од тешки болести и повреди, а опфаќа заштита од 23 тешки болести и повреди. Истовремено, со овој производ се осигурани и децата на осигуреникот на возраст од 3 до 18 години.

Со склучување на полиса, клиентите добиваат можност за бесплатно второ медицинско мислење од високореномирани здравствени установи.

Повеќе информации на:

 02 5102-201

info@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!