Blog

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра)

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 мил.евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243.000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на  друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).

Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил.евра).

Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.

Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента.

Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Што е важно пред да купите полиса за осигурување на живот?

Осигурувањето на живот е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот/корисникот на осигурување, врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, односно доживување.

  • Изберете го видот на осигурување на живот кој најдобро ќе одговара на Вашите потреби и можности;
  • Дефинирајте ја временската рамка на траење на осигурувањето.Времетраењето на полисата за осигурување зависи пред сè од Вашата волја;
  • Бидете сигурни дека со Вашите примања ќе бидете во можност редовно да ја плаќате договорената премија за осигурување во дефинираниот временски период;
  • Информирајте се за ризиците кои се покриени со полисата, како и за исклучоците;
  • Секогаш консултирајте се со овластено лице за условите под кои се нуди осигурувањето и бидете сигурни дека Ви се јасни сите одредбиод условите.

ОД ШТО ЗАВИСИ ВИСИНАТА НА ПРЕМИЈАТА (цената)КАЈ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ЖИВОТ?

КОИ ВИДОВИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ НАЈЧЕСТО СЕ СРЕЌАВААТ?

Осигурување на живот во случај на смрт (ризико осигурување) – договорената осигурена сума се исплатува на корисникот на осигурувањето само во случај на смрт на осигуреникот во договореното траење на осигурувањето. Доколку осигуреникот го доживее датумот на кој истекува полисата осигуреникот/корисникот на осигурување нема право на исплата на осигурената сума.
Осигурување на живот во случај на доживување – осигурената сума се исплатува само во случај ако осигуреникот го доживее договорениот датум наведен во полисата за осигурување. Доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на договорот, корисникот на полисата за осигурување нема право на исплата на договорената сума.
Мешовито осигурување на живот претставува комбинација од осигурувањето на живот во случај на смрт и осигурувањето на живот во случај на доживување. Во случај на смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, на членовите на неговото семејство/корисниците на осигурување се исплаќа осигурената сума. Во случај на доживување, осигурената сума заедно со делот од добивката се исплаќа на осигуреникот. Ова осигурување е најчесто користено од страна на осигурениците поради комбинацијата на штедење и заштита на семејството на осигуреникот во случај на негова смрт.
Рентно осигурување (осигурување на ануитети) – осигуреникот има право на исплата на одредени периодични исплати (ануитети) во текот на одреден период или доживотно. Ова осигурување може да се користи и како модел за идна исплата на пензии, односно пензиски надоместоци на сите членови во вториот, односно третиот пензиски столб кои се стекнале со тоа право.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОТКАЖЕТЕ ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ?

Доколку договарачот на осигурувањето од која било причина повеќе не може или не сака да ја плаќа договорената премија, може да изврши откуп или капитализација на полисата.
Доколку ја откажете полисата за осигурување, односно сакате да извршите откуп на полисата, осигурителот ќе Ви ја исплати откупната вредност на полисата, односно дел од претходно уплатените средства, во согласност со табелите за откупни вредности.
Доколку се исполнети условите за капитализација, договарачот на осигурувањето се ослободува од понатамошно плаќање на премијата. Полисата за осигурување и понатаму останува во сила, а осигурената сума се намалува според табелата за капитализирани износи.
Осигурителот има обврска табелата за откупни вредности и табелата за капитализирани износи да му ги предаде на договарачот на осигурувањето при склучувањето на договорот за осигурување на живот.
Доколку донесете одлука да ја откажете полисата, информирајте се за финансиските последици од таа одлука.
Трошокот за предвремено прекинување на полисата е на Ваш товар!

Извор:АСO

Осигурувањето во Македонија

Целиот систем на осигурување во Македонија правно е заснован врз Законот за супервизија на осигурувањето, како и други поединечни закони, подзаконски акти и имплементација на легислативата на ЕУ од областа на осигурувањето. Договорот за осигурување е договор во кој договарачот на осигурувањето се обврзува врз начелата на заемност и солидарност да здружува определен паричен износ во друштвото за осигурување (осигурувач), а друштвото се обврзува, ако дојде до настан што претставува осигуран случај, да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместокот, односно договорената сума.

Осигурителни компании во Македонија-неживот

АДОР МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП
ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД
САВА ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ
ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП
ЕУРОЛИНК
ГРАВЕ НЕЖИВОТ АД СКОПЈЕ
УНИКА
ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ
КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ – НЕЖИВОТ

Осигурителни компании во Македонија-живот

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД
КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ
ГРАВЕ
ВИНЕР ЛАЈФ-ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП
УНИКА ЛАЈФ АД

https://aso.mk/

Осигурување на имот во три чекори

Како регулатор во осигурувањето Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) води особена грижа за едукација на сите граѓани – актуелни или идни осигуреници. Заради тоа целта на (АСО) ни ги дава најосновни насоки и објаснувања во врска со осигурувањето имот

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА:

-Кога избирате осигурување никогаш цената не мора да биде единствен одлучувачки фактор. Осигурувањето треба да одговара на вашите потреби;

– Мора да знаете што се покрива осигурувањето кое Ви се нуди.Затоа што некои ризици врз имотот се осигуруваат со дополнително осигурување;

-Осигураната сума на покритието треба да е соодветна на вредноста на имотот што го осигурувате. Исто така обрнете внимание на периодот од кој почнува да важи Вашата осигурителна полиса. Затоа што неосигурениот период е ризик.

НЕ СМЕЕТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ:

-Задолжително да одвоите време и да ги прочитате Условите за осигурување пред ја купите полисата. Особено обнете внимание на Исклучоците од осигурување (односно ризиците кои не ги покрива Вашата полиса);

-Секогаш е корисно да се консултирате со осигурителен брокер пред да купите осигурување. Нивната улога е да бидат ваши советници при купувањето полиса, но и ваши претставници пред осигурителните компании доколку се случи штета која е покриена со Вашето осигурување;

ШТО ПРАВИТЕ КОГА ЌЕ НАСТАНЕ ШТЕТА И ТРЕБА ДА СЕ АКТИВИРА ОСИГУРУВАЊЕТО:

– Доколку се случи штета врз Вашиот имот кој е осигуран, треба да пријавите кај компанијата од која сте купиле осигурување;

– Во рок од 14 дена од пријавувањето осигурителната компанија мора да изврши увид и проценка на пријавената штета. Ако Вашата документација е некомплетна осигурителот е должен во дадениот рок да побара дополнување на истата;

– За најмногу 60 дена од пријавата на штета осигурителот мора да Ви достави одговор; Доколку не сте задоволни од решавањето на штета или Вашето барање е одбиено може да поднесете Претставка до АСО на следната мејл адреса pretstavki@aso.mk

Извор:АСО

Потпишана Спогодба за присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

На ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација.