МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Доцент д-р Бојан Србиноски

[Раководител на наставно научни организациони единици – Осигурување и менаџмент со ризик и Менаџмент во услужен сектор]

Факултет за туризам и угостителство Охрид

Доцент д-р БОЈАН СРБИНОСКИ | Факултет за туризам и угостителство Охрид

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Доцент д-р Бојан Србиноски-Раководител на наставно научни организациони единици – Осигурување и менаџмент со ризик и Менаџмент во услужен сектор на Факултетот за туризам и угостителство Охрид -Универзитет Св. Климент Охридски Битола

Осигурување магазин:Бојан кажете ни нешто повеќе за вашата кариерна патека, како се развиваше? Зошто баш појавите во осигурителната индустрија се центарот на вашите истражувања?

Б.Србиноски:Мојата кариера започна на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола – Факултет за туризам и угостителство Охрид кога бев ангажиран како демонстратор на одредени предмети во рамките на студиската програма Осигурување. По четири години, одлучив да ги надоградам моите знаења надвор од Македонија и како стипендист на Владата на Република Турција магистрирав Економија на Универзитетот Докуз Ејлул во Измир. Ја продолжив мојата академска наобразба како стипендист на Владата на Република Италија, каде се запишав на докторски студии во доменот на финансиите на Универзитетот Карло Катанео во Кастеланца и паралелно бев ангажиран како асистент на истиот универзитет. Во текот на докторските студии се позначајни два мои ангажмани, едниот на Универзитетот Флорида Стејт во Талахаси како визитинг истражувач, и вториот на Институтот Розета во Сиднеј, исто така, како визитинг истражувач, каде успеав да се вмрежам со познати истражувачи во областа на осигурувањето. По успешното комплетирање на докторските студии се вратив во Македонија каде бев дел од Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс Тхинк во период од две години каде го диверзифицирав моето истражувачко портфолио надвор од осигурување и финансии. Неодамна, сум избран како доцент во областа на финансиите и раководител на студиската програма Осигурување и менаџмент со ризик, назад каде што ја започнав мојата кариера, на Факултетот за туризам и угостителство Охрид.

Во однос на второто прашање, постојат два мотиви зошто ја развивам својата академска кариера во доменот на осигурувањето. Најпрво, однесувањето на корисниците на осигурителни услуги е многу комплексно и динамично и е детерминирано од серија на фактори, посебно таканаречените бихевијорални фактори кои имаат клучно влијание врз перцепцијата на ризик. Динамичноста на појавите во осигурувањето отвора простор за постојани и интересни истражувања и осознавање на однесувањето и на корисниците на осигурителни услуги и на компаниите за осигурување. Второ, академската фела во осигурувањето не е многу голема, во споредба, на пример, со банкарството, па полесно е да се пробиеш и да соработуваш со познати истражувачи и научници во доменот на осигурувањето.

Осигурување магазин:Универзитетот Св. Климент Охридски Битола – Факултет за туризам и угостителство Охрид нуди студиска програма осигурување, кој предмет вие го предавате, и кажете ни нешто повеќе за него?

Б.Србиноски:Факултетот за туризам и угостителство повеќе од две децении нуди студиска програма Осигурување, која програма е всушност интердисциплинарна и вклучува предмети од различни домени, математика, статистика, психологија, менаџмент, маркетинг и слично, покрај стручните предмети во доменот на осигурувањето. Во овој момент го предавам предметот Анализа на ризикот во осигурувањето, кој предмет е компилација на теми од три предмети: математика, статистика и финансиски менаџмент. Целта на програмата по овој предмет е да ги научи студентите како да го проценуваат ризикот од големи загуби и да преземат соодветни чекори за негово менаџирање, односно да носат одлуки врз основа на податоци и анализа. Новата студиска програма ќе го содржи и предметот Економетрија кој предмет ќе биде од исклучително значење за студентите во истражувањето на појавите во осигурувањето.

Осигурување магазин:Дали во Македонија осигурителните компании нудат пракса за студентите пред да го завршат факултетот за осигурување? Колку праксата е важна за студените?

Б.Србиноски:Според постоечката студиска програма, студентите на нашиот факултет задолжително во текот на годината треба да посетуваат пракса во осигурителните компании. Имаме одлична соработка со сите компании и дел од брокерските друштва кои ги прифаќаат нашите студенти и овозможуваат тие да ги применат своите знаења и вештини на пазарот. Доколку студентот доаѓа надвор од Охрид, компаниите овозможуваат праксата да се обавува и во местото на живеење на студентот во текот на летниот период.

Праксата е од исклучително значење за студентите бидејќи им создава работни навики на студентите и овозможува примена на знаењата и стекнување вештини. Иако праксата трае само еден месец, студентот развива чувство на одговорност на работното место и навики за исполнување на своите задачи. Дополнително, студентите се надоградуваат во осигурителните компании и ја зголемуваат својата шанса да бидат вработени доколку бидат исполнителни и одговорни. Во последно време, често се случува студентите ангажирани во одредени компании да бидат вработени од истите.

Осигурување магазин:Што мислите дали осигурителниот пазар во Македонија е доволно голем и нуди можност за студентите кои ќе ги завршат студиите да работат по струка?

Б.Србиноски:Осигурителниот пазар во Македонија не е голем, но има потенцијал да расте поради две причини, прво, надминување на ограничувањата поврзани со ниската осигурителна култура и ниската едуцираност за користите од осигурување, и второ, зголемената фреквенција на ризични настани. Во Македонија и во регионот постои ниска култура на осигурување која има свои корени и во однос на како бил поставен системот претходно. Напорите на компаниите, државата и на нас академската заедница треба да бидат насочени кон едуцирање на населението за користите од осигурување и градење на доверба во осигурителниот бизнис што треба да придонесе кон негов раст. Од друга страна, почестото случување на штетни настани, посебно од поголеми размери, ја менува перцепцијата на ризикот кај населението и предизвикува поголема побарувачка за осигурување.

Во однос на тоа дали студентите имаат можност да работат по струка, јас го гледам проблемот од поинаква перспектива. Динамичното окружување и промените посебно предизвикани од технологијата бараат адаптабилен профил на студентот отколку стручен профил. Технологијата ќе биде клучен елемент во однос создавањето и елиминирањето работни места во осигурителната индустрија. Затоа и целта на нашите програми е да создадеме интердисциплинарен профил на студент кој лесно би се приспособил доколку осигурителната индустрија станува претесна.

Осигурување магазин:Дали мислите дека осигурителната дејност во Македонија се развива во чекор со светските трендови?

Б.Србиноски:Зависно во кој домен гледаме одговорот би бил различен на ова прашање. На пример, доколку ја земеме регулативата во однос на осигурувањето мислам дека нашата законска рамка е значајно хармонизирана со европската регулатива. Но, доколку ја разгледуваме примената на технологијата и иновативноста кај компаниите за осигурување тогаш значајно заостануваме, но не поради недостатокот на напори на компаниите за иновативни решенија туку поради ограничувањата на страната на побарувачката. Во секој случај, нашиот осигурителен пазар е се’уште неразвиен и постои простор за значајни подобрувања посебно во доменот на примена на технологијата и подобрување на практиките на управување и одлучување во компаниите за осигурување.

Осигурување магазин:Што би им порачале на младите кои сакаат да се запишат на Универзитетот Св. Климент Охридски отсек Осигурување?

Б.Србиноски:Би им порачал да посветат внимание на три аспекти кога ќе одлучуваат каде ќе ја продолжат својата едукација: квалитетот на студентскиот живот, интердисциплинарноста на програмата и можностите за вмрежување и вработување. Мислам дека Охрид, нашиот факултет и студиската програма Осигурување оптимално ги покриваат сите три аспекти. Покрај предноста да престојуваш и уживаш во културно-забавниот живот во Охрид, постојат можности за финансирање на своите студии и живот преку привремено вработување. Поради намалувањето на работната сила во Охрид, голем дел од нашите студенти паралелно работат и студираат. Понатаму, програмата нуди широк спектар на предмети што му овозможуваат на студентот да изгради широк профил во рамките на економијата и менаџментот и лесно да се приспособува на брзите промени на пазарот на труд. Конечно, факултетот има долгогодишна меѓународна соработка со различни универзитети низ Европа преку Ерасмус плус и ЦЕЕПУС програмите што овозможува и интернационално вмрежување на студентите, додека домашната соработка со осигурителните компании и банки, посебно во однос на практичната настава, овозможува воспоставување на врска помеѓу студентите и компаниите и поверојатни идни вработувања.

Осигурување магазин:Пред две години е основана Eastern European Risk and Insurance Association (EERIA) во која вие сте генерален секретар. Што претставува оваа асоцијација и кои се нејзините цели?

Б.Србиноски:Eastern European Risk and Insurance Association (EERIA) е сестра-организација на трите постари асоцијации ARIA (American Risk and Insurance Association), APRIA (Asia-Pacific Risk and Insurance Association) и EGRIE (European Group of Risk and Insurance Economists). Недостатокот на податоци и истражувања од доменот на осигурувањето во Источна Европа, како и ниското ниво на соработка помеѓу индустријата и универзитетите во истиот регион ја предизвика потребата за формирање асоцијација чии цели ќе бидат зголемување на квалитетот на едукација во доменот на ризиците и осигурувањето, обезбедување можности за интеракција помеѓу професионалците и академските работници, и промовирање на научни истражувања и најдобри практики во доменот на осигурувањето. Во септември минатата година, успеавме да ја организираме првата конференција на EERIA на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид каде учествуваа бројни познати имиња од домашната и меѓународната професионална и академска фела. Следната наша конференција ќе биде на 24 септември оваа година на Универзитетот за бизнис и економија во Познан, Полска. Би ги поканал вашите читатели да ја посетат нашата страна www.eeria.org, и да станат членови на нашата асоцијација и со тоа да уживаат во бенефитите кои ги нуди самото членство.

Осигурување магазин:Бојан за крај, што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Б.Србиноски:Како што напоменав, едукацијата за користите од осигурувањето и градењето доверба во осигурувањето е клучна за растот и стабилноста на пазарот на осигурување во Македонија. Вашиот портал ќе игра клучна улога во овие два аспекти. Од друга страна, потребна е интегрирана информација за случувањата на пазарот на осигурување во Македонија за сите чинители во осигурителната индустрија. Верувам дека вашиот портал ќе прерасне во информативна платформа каде што професионалците, академските работници и студентите ќе можат да се информираат за случувањата на пазарот на осигурување во земјата и пошироко.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено