МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

ВЕСНА ПАУНКОСКА ДОДЕВСКА

[Раководител на Служба за правни и корпоративни работи]

Триглав Oсигурување АД Скопје

Весна Паункоска Додевска | ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Весна Паункоска Додевска-Раководител на Служба за правни и корпоративни работи во Триглав осигурување АД

Осигурување магазин: Од каде почнавте и како изгледаше вашата кариерна патека?

 В.Паункоска Додевска: По завршувањето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, како и многу други, тукушто дипломирани правници, започнав да работам како адвокатски приправник во адвокатско друштво.

Во текот на кариерата стекнав обемно работно искуство во доменот на заштита на лични податоци и во јавниот и во корпоративниот сектор.

Во моментов сум раководител на Службата за правни и корпоративни работи и офицер за заштита на личните податоци во Триглав Осигурување АД, Скопје, а пред тоа пет години бев советник во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ова искуство ми овозможи  директно да бидам вклучена во подготовка на предлог-закони и подзаконски акти, компаративна анализа на закони, истражување, давање мислења во врска со практичната примена на Законот за заштита на личните податоци, управна постапка, коресподенција со други институции, а истовремено ја водев и Комисијата за одлучување по прекршок во Дирекцијата.

Осигурување магазин: Кои се задачите на вашата служба во една осигурителната компанија како Триглав?

В.Паункоска Додевска: Како раководител на Службата за правни и корпоративни работи, инволвирана сум во сите правни аспекти, поврзани со деловното и корпоративно право на Друштвото, како што е обезбедувањето на ефективно водење на работењето на Одборот на директори и неговите работни тела. Службата е централна контакт точка помеѓу членовите на Одборот на директори, акционерите и менаџерите, таа советува и прави анализи за специфични прашања, поврзани со корпоративното управување на Друштвото. Дополнително, во наша надлежност е усогласеноста на работењето на Друштвото со националните прописи, а вклучени сме и во советувања во однос на тргување и трансакции со хартии од вредност, подготовка и анализа на договорите на Друштвото и подготовка и водење на седниците на Собранието на акционери на Друштвото.

Осигурување магазин: Со оглед на тоа дека осигурувањето е услужна дејност, имате достап до голем број податоци од физички и правни лица, како се врши обработката на податоците кои се добиваат од клиентите?

В.Паункоска Додевска: Токму така, осигурувањето, како услужна дејност во доменот на финансии, вклучува обработка на голем број податоци. Целосниот процес на осигурување, од моментот на склучувањето на договор за осигурување, поточно осигурителна полиса, па сѐ до исплатата на надомест (оштета) по настанување на осигурен случај подразбира обработка на податоци на клиентите. Имајќи го ова предвид, почитувањето на приватноста на клиентите, вклучително и заштитата на личните податоци е од суштинско значење за Триглав Осигурување. Компанијата, во најголема мера, податоците на своите клиенти ги обработува електронски, но дел од податоците се обработуваат и рачно, во хартиена форма. Несомнено е дека со сѐ поголемата застапеност на дигитализацијата, којашто е неминовна реалност, обработката на податоците на клиентите ќе биде речиси целосно дигитализирана, односно ќе се врши единствено електронска обработка на податоците на клиентите. Целосната дигитализација, односно електронската обработка на податоци сама по себе значи поголеми предизвици од аспект на безбедноста и заштитата на податоците и затоа Триглав со најголема грижливост врши обработка на личните податоци, само во степенот неопходен за постигнување на законските цели на обработката на податоци. Основ за обработка на податоците за цели на осигурување е Законот за супервизија на осигурување.

Осигурување магазин: Колку вработените во Триглав се информирани за тоа колку се доверливи личните податоци на секој поединец?

В.Паункоска Додевска: Подигнувањето на свеста и едукацијата за приватноста, како и заштитата и безбедноста на личните податоци на поединците, се клучни за високото ниво на доверливост при постапувањето и обработката на личните податоци на клиентите.

Триглав континуирано организира екстерни и интерни обуки за своите вработени, а сѐ со цел запознавање на вработените со актуелната законска регулатива и обврските при обработката на личните податоци, како и стекнување практични знаења за успешна имплементација на безбедносните мерки, односно практична примена на техничките и организациските мерки при обработка на личните податоци и заштита на приватноста.

Покрај планираните активности со годишните обуки, во рамките на тековното работење на вработените постојно им се укажуваат и потенцираат безбедносните ризици, што можат да произлезат поради непочитувањето на прописите за заштита на личните податоци и интерните акти донесени во Триглав.

Дополнително, новите вработени во рамките на процесот на интеграција во новата работна средина, непосредно по започнување на соработката со Триглав се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци и со сите интерни акти на Триглав, што го регулираат ова подрачје.

Осигурување магазин: Кои се правата на осигурениците, што произлегуваат од Законот за лични податоци?

В.Паункоска Додевска: Осигурениците ги уживаат сите права, што им се загарантирани со Законот за заштита на личните податоци. Така, осигурениците, согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци, ги имаат следните права:

  • право на пристап до своите лични податоци и информациите,
  • право на информираност во врска со обработката на личните податоци,
  • право на исправка,
  • право на бришење („право да се биде заборавен“),
  • право на ограничување на обработката,
  • право на преносливост на податоците на друг обработувач,
  • право на приговор до Триглав Осигурување,
  • право на поднесување приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Триглав вложи максимални напори да ги претстави на своите клиенти информациите во концизна, транспарентна и што поразбирлива форма. Правата за информирање и заштита на личните податоци, осигурениците можат да ги остварат преку формуларите, објавени на веб страницата на Триглав.

Ако личните податоци на осигурениците во Триглав се обработуваат врз основа на согласност, осигуреникот може во секое време, привремено или трајно, да ја отповика својата согласност за обработка на лични податоци. Осигуреникот, исто така, може да се спротистави на обработката на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, или да побара пристап, дополнување, корекција, ограничување на обработка, пренесување или бришење на лични податоци или да поднесе приговор против обработка на лични податоци, што се обработуваат во врска со него, со писмено барање, испратено преку обична или електронска пошта. Доколку осигуреникот смета дека при обработката на неговите лични податоци се прекршени прописите, со кои што се регулира заштитата на личните податоци, има право да се обрати до Агенцијата за заштита на личните податоци, како надзорен орган за заштита на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.

Осигурување магазин: Колкави се роковите на чување на личните податоци?

В.Паункоска Додевска: Личните податоци се чуваат во периодот неопходен за постигнување на целите за нивна обработка.Законот за супервизија на осигурување предвидува дека податоците за осигурениците и за осигурените лица се чуваат 10 години по истекот на договорот за осигурување,  а во случај на настанување на штета,10 години по затворање на случајот. Во случај на судска постапка за наплата на неплатени обврски од договори за осигурување, личните податоци се чуваат 10 години од завршување на судската постапка. Податоците во врска со случаите на осигурување и проценката на осигурителното покритие и висината на надоместокот за оштета, односно наплата на осигурување се чуваат 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата. По истекот на рокот за чување податоците се бришат и/или анонимизираат од базите на податоци, а документацијата се уништува на таков начин што веќе не е можно да се утврди нејзината содржина или веќе не е можно повторно да се користат податоците.

Лични податоци, што се обработуваат врз основа на согласност на осигурениците и за целите наведени во согласностите, се чуваат сѐ до моментот на отповикување на согласноста или вложен приговор за обработка на податоците.

Осигурување магазин: Кога стапи на сила Законот за заштита на личните податоци Триглав беше една од првите компании кои успеаа за кратко време да ги спроведат сите постапки за заштита на личните податоци на осигурениците, работите според некој кодекс за заштита, може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?

В.Паункоска Додевска: Во фокусот на нашата стратегија е клиентот и посветено работиме на обезбедување на исклучително корисничко искуство на клиентите со компанијата. Секако, ова се проектира во сите аспекти од нашето работење, вклучувајќи го и доменот на заштита на лични податоци на нашите клиенти. Ви благодарам за констатацијата и навистина ми е мило што Триглав е препознаен како компанија, која што се грижи за доверливоста и безбедноста на податоците на своите клиенти.

Регулаторните промени во нашата држава се чести и легислативата сѐ повеќе наметнува повисоки стандарди за компаниите, чија што крајна цел секако е заштита на правата на клиентите. Усогласеноста на работењето на секоја компанија во вакви услови е секако предизвик сам по себе. Триглав е компанија, која што се води според начелото дека усогласеното работење и делување на пазарот на осигурување е единствениот исправен начин на функционирање, кој што има додадена вредност за клиентите, за вработените и за самата компанија.

Веднаш по донесувањето на новиот Закон за заштита на личните податоци и неговото влегување во сила, Триглав формираше проектен тим, кој работеше на усогласување со одредбите на Законот. Беше направена анализа на моменталните состојби во компанијата од аспект на доверливоста и безбедноста на податоците, се утврдија потенцијалните ризици, се донесоа мерки за надминување и ублажување на ризиците и се пристапи кон целосно усогласување на актите и процесите со Законот за заштита на личните податоци. Секако, во предвид беа земени и компаративните искуства на компаниите од Групацијата Триглав од регионот, пред сѐ од Словенија и Хрватска, како земји членки на Европската унија, кои веќе во пракса ја применуваа Општата регулатива за заштита на личните податоци, популарната GDPR.

Усогласеноста со прописите, а во конкретниов случај со Законот за заштита на личните податоци, не е процес кој има почеток и крај. Напротив, усогласеноста на работењето на една компанија е континуиран процес и Триглав постојано врши ажурирање и надградба на своите процеси и интерни акти, земајќи ги во предвид праксата и трендовите на глобално ниво.

Осигурување магазин: Весна за крај, што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

В.Паункоска Додевска: Едукацијата за осигурувањето е основната алатка, која што може да придонесе кон афирмација на осигурувањето во јавноста. Токму затоа сметам дека идејата за портал, посветен на спецификите на осигурувањето е одлична и ќе овозможи размена на искуства, како и пристап до голем број на информации поврзани со осигурувањето, од локален, регионален, па и глобален карактер. Сигурна сум дека овој медиум ќе придонесе кон подигнување на свеста за осигурувањето во Македонија, на начин што уште повеќе ќе го доближи осигурувањето и предностите и придобивките што тоа ги носи до осигурениците, нашите клиенти и пошироката јавност.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено