МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

ОГНЕН НЕЛКОВСКИ

[Координатор на Оддел за Банкоосигурување и Развој на продукти]

ВИНЕР - Виена Иншуренс Груп АД

Огнен Нелковски | ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Огнен Нелковски-Координатор на Оддел за Банкоосигурување и Развој на продукти” во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД

Осигурување магазин:Како започна и како изгледа вашата кариерна патека во осигурителниот сектор?

O.Нелкoвски:Генерално моите први поконкретни допири со осигурувањето (секако надвор од улогата на осигуреник) се поврзани со периодот на мојата професионална кариера во банкарскиот сектор.

Имено во периодот од 2010 – 2017 година, поминуваќи исклучително квалитетен и динамичен период во банкарскиот сектор во сегментот на корпоративното банкарство, помеѓу другото и полисите за осигурување беа редовен составен дел од документацијата која го сочинуваше стандардниот комплексниот сет на документи предмет на анализа и обработка, во функција на целокупниот процес со крајна цел квалитетно кредитирање на компаниите на нашиот пазар.

Токму полисите за осигурување, односно квалитетното покритие на полисите за осигурување се еден од факторите за зачувување на сегашната и идна вредност на имотот (движен или недвижен), кој што во процесот на кредитирањето ja игра улога на колатерал/хипотека во корист на банките. Од тука квалитетното покритие на полисата за осигурување обезбедува одреден вид на гаранција за обезбедување на финансиски надомест (обештетување) во случај на евентуално настапување на несакани настани чии што последици може да влијаат на директно делумно или целосно оштетување (обезвреднување) на имотот.

Понатаму, професионалниот пат го продолжив во друг бизнис сектор, поточно во FMCG секторот, од кој што бев дел заклучно до почетоткот на 2020 година, по што на почетокот на 2020 година, односно пред самиот почеток на кризата поврзана со ковид пандемијата повторно се враќам во финасискиот сектор, овој пат во осигурителната дејност, во која сум дел повеќе од 3 години заклучно до сега.

Имајќи го во предвид моето претходно корпоративно искуство односно работењето на разни проектни и оперативни процеси, мојот професионален ангажман во осигурителната дејност од сам старт е поврзан во сегментот на product и business development процесите во рамки на компанијата, а пред се во категоријата на потесно специјализирани осигурителни продукти кои се однесуваат на сегментите: банкоосигурување (bancassurance), доброволно приватно здравствено осигурување (private health insurance), осигурување на финансиски побарувања (trade credit insurance), како и редефинирање (модернизирање) на веќе постоечките пошироко прифатени осигурителни продукти, односно дополнителна имплементација на асистенските услуги (продукти) со цел зголемување на вредноста на основните осигурителни продукти во вид на дополнителен бенефит за крајниот корисник – осигуреникот.

Осигурување магазин:Во последните години свеста за доброволно приватно здравствено осигурување се подигна.Каква е перспективата за развој и раст за приватното здравствено осигурување во Македонија?

О.Нелковски:Како што веќе знаете Доброволното приватно здравствено осигурување има континуиран раст како еден поспецифичен односно посензитивен сегмент во осигурителната дејност, особено во последните 3-4 години зазема се позначајно место во делот на бруто полисираната премија на ниво на осигурителна индустрија од една страна, при што оваа класа на осигурување има највисок раст споредбено со сите останати класи на осигурување, а истовремено од друга страна е препознаен како значаен бенефит пред се во корпоративниот свет, каде што работодавачите се почесто се одлучуваат да го овозможат овој бенефит како дополнителна алатка за мотивација и лојалност за своите вработени како и за членовите на нивните семејства. 

На некој среден рок од оваа перспектива неминовно ќе дојде и до момент на поширока комерцијализација и на овој осигурителен производ на ниво како и другите типови на продукти во незадолжителното осигурување, што од една страна дополнително ќе го олесни патот на осигурителните компании до потенцијалните клиенти преку неминовна симплификација на целиот процес, а притоа осигурениците како корисници на бенефициите се повеќе ќе го апсолвираат процесот за користењето на бенефициите од овој осигурителен продукт, креирајќи навика и култура да овој продукт континуирано го обезбедуваат за себе и за своите најблиски имајќи ги во предвид бенефитите од истиот токму во најзначајните моменти од нашето секојдневие поврзани со здравјето.

Потенцијалот за дополнително проширувањето на клиентската база за доброволното приватно здравствено осигурување на ниво на осигурителна индистрија е голем и кај корпоративните клиенти но и во сегментот на физички лица (во вид на индивидуално или семејно осигурувуање), имајќи во предвид дека корпоративниот свет веќе ја прими пораката од своите вработени за исклучително висока корист од овој тип на осигурување и слободно може да се рече дека доброволното приватно здравствено осигурување полека но сигурно влегува во делот на “задолжителни” бенефити овозможени од страна на работодавачите.

Осигурување магазин:Еден од бенефитите кои ги нудат фирмите за да ги задржат своите вработени е приватното здравствено, дали е тоа тренд или веќе е потреба?

О.Нелковски:Како што веќе напоменавме, добар дел од корпоративниот свет доброволното приватно здравствено осигурување веќе го пратикува како неминовен дел од пакетот на бенефити за своите вработени, а доколку истото треба да го третираме како тренд или потреба, да може да се каже дека значаен дел од компаниите своите први полиси за потребите на вработените ги имаат направено токму под притисок на трендовите и конкуренцијата, но веќе понатомошното обновување на полисите за доброволно приватно здравствено осигурување се секако се резултат на суштинска потреба од овој осигурителен продукт, имајќи ги во предвид повеќекратните директни бенефити за корисниците на полисата (вработените во компанијата и членовите на нивните семејства), како и индиректните но идентично важни бенефити гледано од перспектива на раководење со човечкиот капитал во самата компанија како најзначаен ресурс во рамки на истата.

Осигурување магазин:Дали се во припрема нови производи?На што ќе биде ставен фокусот наредиот период?

О.Нелковски:Секако ние во Винер Осигурување како дел од најголемата осигурителна групација на територија на Централна и Источна Европа, Виена Иншуренс Груп континуирано работиме на планот на развој на нови односно редефинирање на постоечките осигурителни продукти, со цел следење на трендовите во осигурителната дејност, со истовремено прилагодување кон тренодвите на дигитализација односно автоматизација на процесите како во делот на комуникација и продажба на полиси, така и во делот на постпродажните активности, односно постапувањето по однос на пријавени штетни настани.

Поконкретно во наредниот период, фокусот ќе биде ставен во имплементација на дополнителни осигурителни продукти во сегментот на банкоосигурувањето, воведување на продукти кои се однесуваат на сегментот обновливи извори на енергија, и секако она што на нашиот пазар е најактуелно веќе неколку години, а тоа се континуриани модификации и подобрувања во осигурителните продукти од сегментот на доброволно приватно здравствено осигурување. Секако тука нема да бидат изоставени и основните продукти од сегментот на незадолжителното осигурување, односно односно осигурувањето имот, патничкото осигурување, каско осигурувањето, за кои што исто така ќе следат модификации и подобрувања како во делот на осигурителното покритие, така и во делот на корисничкото искуство односно во т.н. customer journey процес.

Осигурување магазин:Вие ќе бидете лидери во Македонија на новиот производ односно услуга Телемедицина TeleDoc. Може ли да ни кажеш нешто повеќе за услугата,што нуди оваа услуга и каде можат осигурениците да се информираат?

О.Нелковски:Имајќи во предвид дека пазарниот сегмент во делот на доброволно приватно здравствно осигурување се развива најинтензивно, особено во последните неколку години, за таа цел ние во ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, за прв пат на нашиот пазар воведуваме Телемедицина односно онланјн доктор достапен 24/7/365, како дополнителен бенефит за нашите осигуреници, во вид на осигурително покритие кое ќе биде составен дел од нашиот продуктот за доброволно приватно здравствено осигурување, односно составен дел од сите наши здравствени планови.

TeleDoc е иновативен и единствен производ на подрачјето на Телемедицината кој овозможува неограничен број на видео консултации со лиценцирани општи лекари од Македонија, 24 часа дневно во текот на целата година без исклучок.

Со тоа на нашите клиенти ќе им овозможиме најбрза прва реакција при било каква здравствена состојба без временско и територијално ограничување, при што преку своите мобилни телефони, лаптоп уреди или пресонални компјутери во секое време 24/7 и од секое место без територијално ограничување во пристапот, ќе можат да остварат видео повик со доктор по општа медицина за конкретната здравствена состојба со која се соочува нашиот клиент во дадениот момент. Согласно остварениот видео повик нашиот осигуреник ќе добие брза првична дијагноза, терапија, или во најмала рака конкретна насока за понатамошно постапување, со цел спречување на дополнителен прогрес на здравствена состојба односно што побрзо постапување по истата, токму преку првичната брза реакција во вид на консултација со доктор. При користење на оваа услуга нашите клиенти ќе остварат видео повик со некој од општите лекари дел од базата на myteledoc.app кој ќе биде достапен во дадениот момент кога е потребен лекарски совет. Оваа апликација истовремено овозможува и препишување на валидни рецепти интернационално признати за потребните лекарства, што во даден момент без оглед дали се наоѓаме во матичната земја или во странство можеме лесно и брзо да пристапиме кон набавка на потребните лекарства, што секако при дадена здравствена состојба може да биде исто така од исклучителна важност во интерес на времето, навремен третман со соодветни лекарства на конкретната здравствена состојба.

Дополнително нашите клиенти ќе имаат можност да користитат и услуги во делот на специјалистичко второ мислење и тоа од страна на интернационални специјалисти од голем број на земји и широк опфат на сепцијалистички обасти, достапни преку базата на diagnose.me каде што самостојно ќе го изберат лекарот специјалист од соодветната област за која што постои потреба да се спроведе второ специјалистичко мислење за конкретно иницијално поставена здравствена дијагноза.

Овие услуги се во целост развиени во соработка со нашиот партнер провајдер од Австрија myteledoc.app односно diagnose.me како официјален партнер на компаниите дел од осигурителната групација Виена Иншуренс Груп, односно официјален партнер во сегментот Телемедицина на најголемата осигурителна групација на пазарите на Централна и Источна Европа.

Користењето на TeleDoc секако ќе овозможи повеќекратни бенефити за нашите осигуреници:

  • Анамнеза на основ на утврдени здравствени протоколи
  • Препорака за понатамошно постапување во врска со здравствената состојба
  • Советување во врска со одредени симптоми, дијагнози, лекарства
  • Препорака за спроведуваење на медицински терапии и рехабилитации
  • Објаснување на медициснки поими, дијагнози, читање на резултати од извршени лабараторски услуги (крвна слика, уринокултура, брис)

На крајот секако треба да напоменеме, дека Телемедицината не ја заменува потребата од физичка посета на здравствени установи, туку претставува комплементарна поддршка во грижата за здравјето преку брз или лесен пристап до првично лекарско советување во врска со одредена здравствена состојба.

Осигурување магазин:Како до општо подигнување на задоволството кај осигурениците, односно креирање на позитивно корисничко искуство со осигурителните компании.

О.Нелковски:Имајќи во предвид дека осигурувањето како дејност дел од финансисиот сектор, е строго контролирана од страна на соодветното регулаторно тело, па согласно истото сите комапнии на пазарот фунционираат по јасно утврдени правила на игра.

Согласно моето досегашното искуство во осигурителната дејност, генерално подигнување на задоволството кај осигурениците, односно креирање позитивно корисничко искуство, лежи во потребата од што поголемо усогласување на очекувањата на осигурениците од склучената полиса со реалното фактичко покритие и бенефитите на самата полиса, односно условите под кои што истата е склучена.

Имено пред секое склучување на полиса, задолжителна е потребата од детално разгледување на покритијата и условите по кои што истата треба да биде склучена, и секако за сите нејаснотии поврзани со терминологијата и дефиницииите осигурениците треба да се обратат кај соработникот од страна на компанијата или пак посредникот во процесот, и тоа онолку пати се додека не добијат јасна слика за покритието кое го обезбедува потенцијалната полиса и под какви услови истото би се активирало. Само така ќе имаме јасни очекувања и што е можно поусогласено толкување на осигурените настани и покритијата за истите од двете договорни страни во целокупниот процес на осигурување.

Бидејќи, во пракса доколку имаме состојба на разлики во очекувањата на осигуреникот од покритието на самата полиса од една страна (поради неправилно толкување на истото) и фактичкото покритие на самата полиса од друга страна, подобар епилог е да нема склучување на истата отколку самиот договор за осигурување да понатаму биде основ за креирање на незадоволство и понатамошни импликации во релацијата помеѓу осигурувачот и осигуреникот, односно подобро е да имаме сценарио на нереализирана продажба отколку сценарио на реализирана т.н. лоша продажба, што е генерално мој став за процесот на продажба а особено во сегментот на услуги во кои што процес клиентите иницијално купуваат одреден вид на хартија од вредност од која што реалниот бенефит би го увиделе единствено во случај на настапување на наведените осигурани (несакани) настани, под точно дефинирани услови.

Осигурување магазин:Огнен за крај,што мислите за нашиот портал,за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

О.Нелковски:Порталот Осигурување Магазин е секако одлично освежување и генерално во сегментот на бизнис портали, но особено важно за нас со вашата специјализација во осигурителната дејност.

Имено сите ние како учесници во осигурителната дејност без оглед на улогата во која се наоѓаме (осигурувач, осигуреник, канал на продажба, регулаторно тело, образовна институција, специјализиран портал од областа, и сите други индиректни учесници во истата), мораме да работиме на подигнување на свеста од потребата за што поголема застапеност и практикување на осигурителни продукти од незадолжителните класи на осигурување во секојдневниот живот.

Просторот за напредок на ова поле е огромен, така што останува сите ние заеднички да бидеме иновативни, да овозможиме што е можно “попластично” прикажување на бенефитите од практикувањето на барем дел од незадолжителните осигурителни продукти, односно да го прикажеме и реалниот секојдневен ризик од непрактикување на истите, преку формални и неформални начини на комуникација кои што може понатаму дополнително да се развиват во различни тематски работилници, редовни онлајн видео презентации, интервјуа со директни и индиректните учесници во осигурителната дејност, прикажување на кориснички искуства, конкретни насоки и советувања, дебати, итн., се со една цел што е можно поголемо доближување на осигурувањето  до широката популација и креирање на здрави навики за истото.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено